Никогаш не е доцна
Тино сакаше да излеземе да
прошетаме, но јас го одбив. Не сакав да се појавувам во јавност извесно време.
Отидов да се истуширам. Тино влезе по мене. „Морам да ти го видам твоето
извајано тело“, ми рече. Почна да си го фаќа својот голем „алат“.
Кога се завртив наназад ме наби кон ѕидот и почна да ме ебе одзади. Почнав да стенкам. „Ова ми беше голема желба. Да имам секс со тебе во бања“, задишани ми кажа. Кога погледнав во огледалото видов идеална секс поза од двајцата. Зацрвенети, со идеални тела кои се приближуваат, се спојуваат и повторно се одвојуваат, а Тино ме притиска кон него и ме набива сè повеќе и повеќе. Така мокри се одвлековме заедно неколку чекори до спалната.
Го фрлив на креветот и се качив на него. Му го зедов курот в рака и му реков: „Колку е голем и тврд“ и почнав да му го лижам и да го превртувам со јазикот, со таква жештина што го излудев. Потоа се качив врз него и почнав да мешам со колковите напред назад. „Сакам да те лижам“, ми шепна Тино. Ми стави перница под главата и започна да ми ја лиже пичката со сласт. Бев задоволна и потоа му кажав: „Те молам еби ме силно“. Тино ме заврти и се наби врз мојата врела пичка. Почна да ме ебе, а со рацете ми го масираше клиторисот. Двајцата свршивме со големи воздишки и емоции.
Отидов во бањата и почнав да се туширам. Дојде повторно Тино. „Тино, доволно е“, му реков. „И јас мислам дека ја изгасивме нашата сексуална жед“ – ми кажа. Сакам и јас да се истуширам, па ќе седнеме да пиеме кафе“. Се истуширавме и нарачав кафе на тераса. Разговаравме за животот воопшто. Потоа, Тино си ја отвори душата: „Вики и јас не би сакал да се мешам во врска, но многу си ми мила. Во брак сум неколку години. Имам син кој има шест години, но мојата сопруга живее со друг човек, и ми се заканува дека нема да го видам син ми ако побарам развод, но морам да ставам точка“.
Ми заѕвони мобилниот. Се јави Габриел. Му реков дека Тино е кај мене и дека пиеме кафе на тераса. Го поздрави и ми кажа дека утре ќе се врати. Тино ме праша: „Вики го сакаш ли Габриел?“ Прво, не знаев што да му одговорам, но сакав да бидам искрена и почнав да му зборувам: „Тино, Стив не успеав да го засакам. Освен што ме научи на секс, друго не успеав да создадам со него. Додека те сретнав тебе, го сакав или барем мислам дека го сакав. Но, Габриел навистина ми лежи на срцето. Успешен човек, прав маж. Станав позната манекенка благодарение на него. Има и други способни девојки, но ако го сретнеш правиот човек опстануваш. Моментално ми се измешани чувствата. Животот е љубов, борба, почит, а не е само секс. Ако не се почитуваш себеси, не можеш да ги почитуваш другите. Како и да е, останувам со Габриел. Не знам дали е момент на слабост тоа што водев љубов со тебе или е страст, копнеж или привлечност помеѓу двајцата. Ти, Тино, ми се допаѓаш многу повеќе, но доволно е. Ако ја поминеме црвената линија, тешко дека ќе се вратиме назад“.
Тино ме дополни: „Истото се обидувам и јас да ти го кажам. Ја трпев жена ми со нејзините закани сè додека не те сретнав тебе. Сега е поинаку. Морам на таа врска да ѝ ставам крај. Вики ти посакувам среќа. Нема да ти додевам повеќе. Што треба да се случи, ќе се случи“.
Почна да зазорува. Ги сакам овие мрачни утра, мистични каде што темнината ѝ го отстапува местото на светлината, како смртта со животот. Сè продолжува во друга форма, во друга димензија и сè е бескрајно, бесконечно. Сите спијат, а јас седам на тераса, разговорам со мила личност и пиеме кафе. Се почувствував како да сум господарка на светот и видов или ми се причини како паѓа ѕвезда. „Види, паѓа ѕвезда, си помислив желба“, му кажав на Тино. „Зарем веруваш во исполнување на желбите?“, ме праша Тино. „Да“, цврсто му одговорив. Поседовме уште малку, а потоа Тино си замина. Се договоривме да се видиме, некогаш и некаде.
Отидов да спијам. Ме разбуди Габриел со бакнежи и со нежен глас велејќи: „Вики злато мое, си дојдов“. Јас остро го прашав: Каде одиш Габриел, а јас не знам? Не ми одговори, само ми кажа: „Ајде да одиме да се прошетаме“. Изгледот му беше многу отсутен. Надвор од градот имаше едно планинарско излетничко место и кафеана со ловечки специјалитети. Отидовме таму и седнавме да ручаме. Габриел се обидуваше да разговара, но имаше нешто друго што не можеше да го сокрие од мене.
Габриел се наведна на коленици извади еден убав дијамантски прстен и изусти: „Вики, ќе се омажиш ли за мене?“ Бев многу изненадена. Климнав со главата потврдно. Ми го стави прстенот на десниот прст од раката. Сите присутни во кафеаната ни честитаа. Габриел им кажа на келнерите за сите присутни што ќе нарачаат да биде на негова сметка. Се направи навистина свадбена атмосфера. Искрено, двајцата бевме среќни.
На враќање вечерта, Габриел ми рече сè да соберам од хотелот и утредента да се преселам кај него и да почнеме да се подготвуваме за свадба. Се договоривме свадбата да биде скромна. Така и бидна. Се регистриравме за дваесетина дена. Бека и еден негов соработник ни беа сведоци. Откако се регистриравме, следните денови Габриел со адвокатот направи тестамент во кој ме направи целосен наследник на неговиот имот.
Продолжив со модните ревии. Станав уште попозната и поуспешна манекенка. По два месеци, ми се слоши на проба за модна ревија. Бев на лекар каде што ми кажаа дека сум бремена трет месец, но и дека ако сакам да биде се во ред ќе морам да лежам.
Кога останав дома забележав дека Габриел го нема цели денови. Една вечер седев подоцна и чекав да дојде „Што се случува Габриел? Биди отворен и кажи ми ја вистината“, го прашав сериозно. Што да ти кажам љубов, болен сум веќе две години. Имам леукемија и не се знае до кога ќе издржам. Но, ми се исполни најголемата желба. Ќе имам бебе со тебе“.
Во една априлска зора се роди малиот Дени. Станав мајка, а Габриел татко. По две години, замина Габриел во облаците... Ја наследив фирмата, куќата и станав...
Еве што напишав на почетокот од оваа приказна:
..........................................................................................................................................
Многу убаво звучи кога ќе кажеш: „Јас сум успешна жена, бизнисменка“. А како станав? Е, тоа е долга приказна. Во последниот момент кога мислиш дека влегуваш во бездна, потонуваш и помислуваш дека ќе умреш во неа, без име, семејство, дом, во тој суден момент, некој ќе ти подаде рака. Но, ајде да раскажам сè од почеток, може ќе ми олесни.
..........................................................................................................................................
ТУЃИНКА