Никогаш не го напуштив семејниот дом, ниту имав љубовна врска: Џенет веќе 70 години живее со мајка си

Кога Џенет Кокс (67) од Честерфилд била тинејџерка, нејзината мајка Џоан (87) ја принудувала да излезе и да се дружи со луѓе на нејзина возраст.

Сепак, таа се борела да се вклопи со децата на училиште и наместо тоа претпочитала да игра карти и други социјални игри со нејзините родители и баба.

Така останала со нејзината мајка, па дури и неколку децении подоцна, не го напуштила семејниот дом, ниту пак имала љубовна врска. И таа вели дека не би променила ништо во нејзиниот живот.

Двете жени живеат заедно скоро 70 години и никогаш не биле разделени повеќе од неколку недели откако е родена Џенет.

Сега, велат, тие се повеќе како најдобри пријатели отколку мајка и ќерка, и заедно се преселиле во дом за стари лица, каде Џенет се грижи за Џоан, која веќе некое време страда од деменција.

Поранешната секретарка Џенет го објаснила нивниот однос:

- Не би сакале да живееме поинаку. Отсекогаш сме биле среќни заедно.

- Заедно преживеавме прекрасен живот  - рекла мајката Џоан, која ја водела фармата со нејзиниот сопруг повеќе од 30 години. 

- Горди сме што сме познати како најблиските мајка и ќерка во Велика Британија.

Покрај Џенет, Џоан и нејзиниот покоен сопруг Харолд имаат уште две деца, постарата ќерка Ана и најмладиот син. Кога Џенет имала 6 години, семејството се преселило во фарма каде одгледувале цвеќиња, свињи, кокошки и крави.

Како тинејџерка, Џенет се борела да се вклопи во деца на нејзина возраст и претпочитала своето време да го поминува со нејзините родители и баба која живеела во близина. Тие играле карти и други игри на табла.

- Никогаш не бев бунтовна, тоа беше повеќе сестра ми. Отсекогаш сум бил дете за  пример. Никогаш не ме привлекувало излегување или дружење со млади луѓе. Ги сметав за глупави и претпочитав да поминувам време со стари лица. Мајка ми се погрижи ништо да не ми недостасува и ме натера да одам по клубови и да ги запознаам моите врсници. Но, тато и велеше да ме остави сама и да бидам среќна и да живеам како сакам.

Никогаш немала сериозна врска.

-Имав врска со човек која траеше неколку години, а ја започнавме кога имав 18 години. Сепак, не бев заинтересирана за врска. Одевме во кино и на куглање, тој ме запозна со неговите пријатели а кога ќе ме испратеше дома, ќе му речњв дека е време да си одам дома.

Кога Џенет наполнила 21 година, тој и купил веренички прстен, но таа му рекла - не, благодарам. Мислел дека таа има некој друг, но тоа не било вистина.

Џенет се опишува себеси како асексуална и никогаш не се чувствувала привлекување од жени или мажи.

-Имав многу машки пријатели, сепак, никогаш не ми се допадна некој. Тоа е мојата природа. Никогаш не сум бил интимна со никого.

Кога имала 35 години, нејзините родители ја продале фармата и купиле куќа со три спални за да се вселат.

Единственото нешто во кое не се согласуваат мајката и ќерката е што ќе гледаат на ТВ. Додека Џоан сака документарци за природата, Џенет ужива во сапунски опери. Исто така, заедно патувале на бројни дестинации, дури оделе и на луксузни крстарења.

-Нашето најдобро патување беше во Австралија и Нов Зеланд во 1998 година.

Таткото на Џенет починал во октомври 2010 година на 80-годишна возраст, а таа и нејзината мајка се грижеле за него додека боледувал од рак.

Сега, Џенет е утеха за нејзината мајка која страда од деменција и срцеви проблеми.

Иако на некои им изгледа чудно, Џенет признава дека никогаш не почувствувала никаква осуда од околината што избрала да живее со нејзината мајка.

-Дури и тетка ми која има два сина и коментираше на мајка ми - би сакала да ја имам Џенет.

Во април 2018 година, двете се преселиле во дом за стари лица во Блекпул, каде се дружат со други станари, пијат кафе, играат карти и други игри на табла.

- Мама беше загрижена дека ќе останам сама кога ќе ја нема. Затоа се преселивме овде каде што ќе имам и друштво  - ја објаснува Џенет нивната одлука.

- Порано мислев дека на Џенет нешто ќе и недостасува, сепак, таа секогаш беше среќна со мене и со татко и - рече нејзината мајка.


Фото-Извор: 24sedam.rs