Никогаш не губете надеж: Пo 16 години и 18 спонтани абортуси, жена стана мајка на 48 години

Токму кога сакале да се откажат, лекарите откриле дека жената има клетки во телото кои ги убиваат нејзините ембриони.

По 16 години и 18 спонтани абортуси, Луиз не изгубила надеж. Па на 48-годишна возраст, таа конечно стана горда мајка на нејзиниот син Вилијам.

Луиз и Марк се запознале во 1999 година и знаеле дека сакаат да основаат семејство. Овој пар од Англија се обидувал да забремени уште од 32-та година она Луиз, но немале успех.

По 16 години и 18 спонтани абортуси, Луиз не изгубила надеж. Па на 48-годишна возраст, таа конечно стана горда мајка на нејзиниот син Вилијам.

Луиз и Марк потрошиле околу 5милиони денари за обиди за вештачко оплодување.

„Марк и јас се обидуваме да добиеме дете од мојата 32 година. Претрпевме 18 спонтани абортуси и потрошивме многу пари, но сега кога го гледам Вилијам, сето тоа вредеше. Не сум млада како порано и ми треба време, но вредеше“, рекла новопечената мајка.


Луиз секогаш кога ќе забременила, ќе го изгубила бебето околу 14 недела. Токму кога сакале да се откажат, лекарите откриле дека Луиз има клетки во нејзиното тело кои ги убиваат нејзините ембриони.

„Нема тага што може да се спореди со загубата на саканото и посакувано бебе, сите ваши соништа и надежи се уништени. Се обидовме и со донатор на јајце клетка, но и тоа не успеа“, изјави Луиз.

По откритието, Луиз ги поминала потребните терапии и го родила синот Вилијам во 37-та недела. Таа вели дека држењето на својот син за прв пат „било неверојатно“. Кога ми го даде хирургот, не можев да верувам, не можев да верувам дека сум толку среќна. Беше прекрасно, како да сум добил на лотарија“.

Таа вели дека да се биде мајка е најдобрата работа на светот.


извор:oazaznanja