Животна училница // Приказни
Никогаш нема да можам да бидам мајка: Џеси Џеј си ја отвори душата
- 15 Ноември, 2018
Британската пејачка Џеси Џеј која моментално се наоѓа на турнеја, на последниот концерт во „Ројал Алберт хол“ си ја отвори душата пред обожавателите. Таа храбро ја сподели со нив тажната вест која лекарите ѝ ја соопштиле пред четири години.
- Ми беше кажано дека никогаш нема да можам да имам деца. Не ви го раскажувам ова за да ме сожалувате, бидејќи јас сум само една од милионите жени и мажи кои поминуваат низ истото. Тоа не е нешто што нѐ одредува, но ја напишав оваа песна за себе во моментите на тага и болка - порача пејачката пред изведбата на песната Four Letter.
Џеси Џеј пред извесен период се најде во фокусот на медиумите откако ја потврди врската со холивудскиот актер Чејнинг Татум.