Никогаш нема да помислите: Евтин гел со кој Мерлин Монро ја одржуваше кожата

Добивај вести на Viber

Актерката Мерлин Монро, една од најпознатите русокоси на сите времиња, имаше свои тајни за убавина поради кои секогаш изгледаше беспрекорно, како и трикови поради кои нејзината кожа секогаш беше мека и нежна, а на тоа ѝ завидуваа многу жени.

Иако многу од нив веруваа дека користи скапи креми и препарати, нејзината тајна се криеше во најобичниот вазелин. Тоа во 86-та година го откри актерката Рене Тејлор.

- Еден ден дојде на предавање во друштво на Лиј Стразбер и едноставно морав да ја прашам што направила за да изгледа толку добро. Тогаш ми рече дека на целото тело нанесува вазелин и после тоа три часа поминува во врела купка, и така секое утро. Тоа на нејзината кожа ѝ даваше посебен сјај- изјави Рене.

Рене го послушала советот од Мерлин и го пробала истото, но не успеала иако многу посакувала да има кожа како неа.

- Пробав и јас, за малку ќе се угушев- откри Рене.