Никогаш нема да се ослободиме од ковид-19: Експертите предупредуваат дека ќе живееме во свет од нови соеви
Д-р Давид Набаро, специјален пратеник на Светската здравствена организација (СЗО), рече дека во одреден момент ќе се појават нови форми на вирусот корона, кои ќе успеат да ги „надмудрат“ вакцините.
Тој предупреди дека е потребно да се продолжи со третирање на вирусот со страв и претпазливост, дури и во области каде стапката на вакцинација е огромна.
„Всушност, вирусот не стана помалку опасен - затоа сè уште одржувајте физичка дистанца и носете маски колку што можете“, додаде Набаро за британскиот канал „Скај Њуз“.
„Човештвото ќе мора да научи да живее со овој вирус и да спречи ненадејно да избувне и да предизвика жаришта на болести. Искоренувањето не е разумна цел за светот“, истакна овој експерт.
Набаро исто така нагласи дека најверојатно вирусот нема да исчезне, но ќе се појават неговите нови варијанти.
Џон Бел, професор по медицина на Универзитетот во Оксфорд и член на тимот што ја разви вакцината Астра Зенека, се согласува со овој став. Тој посочи дека вакцините се ефикасни против индискиот вид, но заштитата од идните варијанти „не е загарантирана засекогаш“.Бел предупреди дека би можеле да се соочиме со „прилив на нови верзии на коронавирус“ доколку на сиромашните земји не им се помогне побрзо да го вакцинираат своето население.
„Оваа болест е тука за да остане, веројатно засекогаш, но ние мора да продолжиме да се обидуваме да ја контролираме болеста низ целиот свет што е можно повеќе, бидејќи во спротивно ние само ќе седиме тука и ќе се умориме од различните варијанти што доаѓаат во моментот кога мислиме дека немаме никаква варијанта што би ја победила вакцината, но тоа сигурно ќе се случи порано или подоцна. Ние мора да бидеме подготвени да се справиме со тоа и да ја запреме да се претвора во бранови“, изјави тој за BBC Radio 4.
Не треба сите да примиме иста вакцина, а една е најдобра за хронично болните: Најпрецизни упатства од експертитеМногу жени сакаат да носат маски и после ковид19: Кога ќе ја слушнете причината, ќе ги разберете