Никогаш нема да се помирам дека ја нема: Најтажната љубовна приказна во Холивуд

Несреќната судбина која го снајде Лијам Нисон, на среќа ја има само во филмовите. Американскиот актер ја запозна својата сопруга Наташа Ричардсон во 1994 година, а хемијата го стори останатото. 

Во тоа време неговата кариера цветаше, а Нисон важеше за голем заводник. Тој беше во врска со неколку познати актерки: Џулија Робертс, Хелен Мирен, Барбара Стрејсенд, Брук Шилдс, Џулија Робертс. Сите тие станаа помалку важни кога се појави Наташа.

Се запознаа додека заедно играа во мјузиклот „Ана Кристи“ во кој заедно учествуваа. Наташа се разведе од тогашниот сопруг Роберт Фокс и остави да ја водат чувствата. Таа и Лијам почнаа да живеат заедно во Њујорк. Нисон, во една прилика, одејќи на снимање на филмот „Шиндлеровата листа“ во Полска, сфатил колку му недостасува Наташа. Тогаш сфатил дека тоа е тоа. Бил во право и се оженил со неа во 1994 година, а таа на свадбата му ја испеала песната „Crazy Love“. Првиот син Мајкл им се родил во 1995 година, а помалиот Даглас, следната година.

И покрај популарноста, двојката живееше без скандали, беа среќни и ја чуваа приватноста само за себе. Но, една случка во мај во 2009 година му го смени животот на славниот актер засекогаш. 

На венчавката во 1994 година 

На семеен одмор, на скијање, таа лошо падна и тешко ја повреди главата. Иако на прв поглед се чинело дека се работи за мала повреда, во болницата во Монтреал таа паднала во кома која траела неколку дена. Од комата, Наташа никогаш не се разбуди. Во тој момент, Нисон снимал филм во Торонто, па штом ја дознал лошата вест, заминал директно за Монтреал. 

„ Стоев покрај нејзиниот кревет и ѝ реков дека ја сакам, иако не ме слушаше. Ѝ кажав: „ Драга, од ова веќе не се враќаш, сериозно си ја повредила главата. Си замина. Ќе те вратиме во Њујорк каде што ќе ги собереме пријателите и семејството“, раскажал актерот во емотивното интервју.

Тој и неговата соопруга имале договор, ако некој од нив почине, да се донираат органите.

„Тоа го направив. Наташа ги донираше своите три органи, па во моментов одржува тројца луѓе во живот. Таа ги даде срцето, бубрезите и белите дробови“, откри актерот. 

„Таа и јас бевме како мед и ореви. Совршено се вклопувавме. Танц, со неа животот беше танц на сцената. Никогаш нема да се помирам дека веќе ја нема“, додаде актерот.