Никој не им може ништо: Три хороскопски знаци кои живеат преку 100 години!
Луѓето кои доживеат над 100 години имаат различни тајни за нивната долговечност, но се чини дека нивниот долг живот има врска со нивниот хороскоп. Според анкетите и статистиките, овие три знаци живеат најдолго.
Рак
Се верува дека многу Ракови живеат до длабока старост затоа што сакаат да водат здрав живот и се мотивирани да се трудат да живеат долго за да останат со своите сакани, особено со децата, и да се грижат за нив како што е можно подолго, бидејќи тие се исклучително посветени на своето семејство.
Девица
Долговечни се благодарение на организираниот начин на живот и големата грижа за своето здравје. За многу Девици, правилното јадење и вежбањето е начин на живот и не можат да замислат да живеат на друг начин. Исто така, тие се прилично мирни, а помалку стрес значи – подолг живот.
Овен
Се прашувате која е тајната на Овенот? Од сите знаци во хороскопот, Овенот има најголема страст за животот.
Дека Ракот, Девицата и Овенот навистина живеат најдолго, потврдува и официјалната листа на најдолговечни луѓе во светот, која се одржува од 1955 година и ја подготвува Геронтолошката истражувачка група.
Меѓу 59-те луѓе на листата, повеќето се родени во знакот Рак (8), потоа Девица (7) и Овен (7).
FOTO: Freepik