Никој не верува дека е истата личност: Имала 170 килограми, а сега е вистинска бомба (ФОТО)

Кели Берт од Нов Зеланд цел живот имала проблеми со дебелината, достигнала неверојатна тежина од 170 килограми и, како што признава, била убедена дека ќе се убие со прејадување.

Сепак, таа успеа да се извлече од депресијата и реши драстично да промени се и да ги изгуби вишокот килограми.

Во март минатата година, Кели тежела „просечни“ 150 килограми, а само еден оброк бил доволен за шестчлено семејство.

View this post on Instagram

A post shared by Life Of A Binge Eater (@life_of_a_binge_eater_)



- Тие 150 килограми се ништо - шест недели пред тоа имав 170 килограми. Бев очајна и целосно отсечена од светот. Ја пробав секоја диета, секој лек, се што видов и ништо не ми помогна – објаснува Кели.

Како што вели, десет години се обидувала да ослабе на различни начини.

Да не добиев шанса да одам на операција за намалување на желудникот, ќе се терав во гроб со прејадување, во тоа сум целосно убедена. Штом се разбудив по операцијата, мозокот ми беше целосно мирен, не размислував за храна. Како да знаеше и тој дека сме направиле нешто што ќе ни го промени животот – изјавила Кели.

Севкупно, вели таа, ослабела 80 килограми, а 80 отсто од стомакот и бил отстранет.

View this post on Instagram

A post shared by Life Of A Binge Eater (@life_of_a_binge_eater_)



- Порано јадев 10 плескавици, две порции помфрит, две бурито и една сода за еден оброк. Потоа јадев две големи пици и повеќе сок. Се разбира, имаше и слатки. Потрошив огромни суми пари само за храна – рекла Кели и додала:

- На крајот веќе не можев да ги облечам ни гаќите сама. Паднав во депресија и веќе не излегов од дома. Сега живеам сосема поинаков живот и таа операција е најдоброто нешто што сум го направила за себе.


Фото: Printscreen/Instagram