Нина Бадриќ го промени изгледот: Ја има фризурата на сезоната и прошета во колоритни есенски комбинации во Италија (ФОТО)
Една од најпопуларните хрватски пејачки Нина Бадриќ повторно успеа да ги изненади своите следбеници на социјалните мрежи и со својот изглед да го привлече вниманието на јавноста.
Како и многу пати досега, таа сподели своја фотографија, но оваа предизвика вистинска поплава од коментари.
Така изминативе денови таа објави дека ја скратила својата долга коса во краток боб - фризурата која ќе ја одбележа и оваа сезона.
Овој храбар потег би се рекло дека е полн погодок. Покрај должината, Нина сега има и забележително потемна боја на коса, а сите се согласија - одлично ѝ стои.
Нина ја покажа новата фризура на патувањето во Италија.
А покрај исклучителните пејачки способности, Нина често го привлекува вниманието на јавноста со облеката. Многу од нејзините комбинации можат да послужат како одлична инспирација за жените, па ова е случај и со нејзините модни комбинации кои ги носеше во Италија.
Нина често носи практична гардероба која може да се комбинира и ноќе и преку ден, а често можеме да ја видиме и во елегантни и спортски парчиња.
Ја критикуваат бидејќи облече фармерки на свадбата на пријателка: Дали Нина Бадриќ покажа непочит со комбинацијата за ваква церемонија? (ФОТО)
Една средба ѝ го промени животот, а самата е заслужна за нејзиниот успех: Нина Бадриќ и пред 29 години била убавица како и денес