Една средба ѝ го промени животот, а самата е заслужна за нејзиниот успех: Нина Бадриќ и пред 29 години била убавица како и денес
Иако во текот на нејзината долга и успешна кариера се промени, всушност нема некоја суштинска разлика - таа денес е убава како и во младоста.
Хрватската поп пејачка Нина Бадриќ (50) денес е една од најголемите регионални ѕвезди и со голем успех настапува низ целиот регион.
Таа е синоним за квалитетна балада, модна инспирација за жените од сите генерации и една од најубавите жени на нашите простори, а зад себе има успешна неколкудецениска кариера.
Како што еднаш раскажа, за нејзината кариера најзаслужен е легендарниот Дино Дворник, кој ѝ бил од голема помош на самиот почеток.
Откако седум години настапуваше со детскиот хор „Ѕвездице“, Нина пееше придружни вокали за големите ѕвезди како „Парни ваљак“, „Прљаво казалиште“ и други.
За тоа време таа работеше во бутик и потпевнуваше во радио станица, кога влезе еднаш познатиот Дино Дворник и ја замоли да го исклучи радиото и да продолжи да пее без придружба. Му се допадна како пее младата Нина и веќе следниот ден со неа посети неколку загрепски издавачки куќи.
Првиот голем настап на Нина Бадриќ беше на Дора, познатиот хрватски музички фестивал каде традиционално се избира песната што ќе ја претставува земјата на Евровизија. Нина настапи во 1993 година, кога ја изведе песната „Те оставам“, создадена во соработка, меѓу другите, со Рајко Дујмиќ.
Таа година победи групата Put со песната „Don't Ever Cry“, но впечаток остави и 21-годишната Нина.
Како што можеме да видиме од фотографиите од овој настап, Нина уште тогаш била убава и негувала исклучителен стил!
Годините поминаа, цртите на Нина созреаа, а иако малку се промени, сепак е млада и убава како пред 29 години.
Две години по настапот во Дора, пејачката го потпиша својот прв професионален договор и го издаде албумот „Godine nestvarne“, а останатото е историја...
извор:GLOSSY