Нина Бадриќ со сестра си го отпеа хитот на Оливер Драгојевиќ и допре многумина: „Ме расплакавте, прекрасно е“

Добивај вести на Viber

Нина и Сунчица се возеа со глисер до Хвар и се присетија на прекрасниот хит на Оливер Драгојевиќ, баладата „Богиња“. Сестрите се прегрнаа и со насмевки на лицата ја пееја песната

Пејачката Нина Бадриќ (50) заедно со нејзината сестра Сунчица ја испеа една од најубавите песни, баладата „Богиња“, во спомен на музичкиот великан Оливер Драгојевиќ.

- „Ljubavi... u polutami sobe. Ljubavi... moja ruka tebe zove. Bože daj neka noć ova traje. Tvoja ljubav mi nov život daje. Želim ostati zauvijek s tobom. Moja ljubavi... ljubavi “ - гласи текстот на песната што ја испеаа Нина и Сунчица.

Нивниот настап во еден ден собра повеќе од 13 илјади лајкови.

- Боже, нека трае овој ден. #sistergoals . Оливер - напиша Нина на објавата, а следбениците не престанаа да ги фалат.

View this post on Instagram

A post shared by (@badrich)


- Прекрасни сте, ме расплакавте; Колку е прекрасно ова; Секогаш и засекогаш две половини од едно срце – им напишаа.

Нина го обожаваше нејзиниот колега Оливер, и денеска на четиригодишнината од неговата смрт објави ред заеднички фотографии на кои го напиша познатиот стих од неговата песна „ Сè би дала да си тука“.

View this post on Instagram

A post shared by  (@badrich)


Инаку, Нина и Сунчица се многу блиски и често споделуваат заеднички моменти.

View this post on Instagram

A post shared by  (@suncica_badric)


Извор: www.24sata.hr