Нина Бадриќ стана платинеста русокоса и буквално нема да ја препознаете: Промената ја подмлади (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Една од најпопуларните и најубавите пејачки на нашите простори, Нина Бадриќ, од почетокот на кариерата е препознатлива по својата бујна кафена коса, а овој имиџ практично никогаш не го променила, освен што експериментирала со должината.

Но, овој пат убавата Хрватка реши да направи драстична промена! Не знаеме дали е само перика и привремена промена или трајна, но едно е сигурно - разликата е огромна.

Имено, Нина со своите следбеници на Инстаграм сподели фотографија на која позира со нова боја на коса - русокоса. На прв поглед не ни ја препознавме, а за момент помисливме дека на фотографијата е Наташа Беквалац.


Пејачката се одлучи за платинесто руса боја на коса, но и модерни шишки и подолг, брановиден, по малку див боб. Ова не само што е трендовска фризура, туку и брише години од лицето, а Нина е жив доказ за тоа.


„Навистина добро ти стои“, „Совршено“, „Ти си навистина убава жена“, „Сè изгледа добро на убава жена“, се само некои од комплиментите што ги доби.

Што мислите за Нина како русокоса?

извор:zenablic