Нино Величковски: По 15 години заедничко живеење- свадба

Љубов како на филм. Со овие зборови, фолк легендата Нино Величковски (66) ја опишува врската со неговата партнерка Лидија Трифуновска (66). Седум години се гледале тајно. Откако ја обзнаниле нивната врска почнале заеднички живот. Идното лето ќе  прават свадба на охридското крајбрежје.

- Лики ми се допадна на прв поглед.  Со нејзината непосредност и спонтаност. Беше мирна и нежна, како срна. Мојата школска другарка Кате се дружеше со неа. Еднаш во мој стил  ú реков „ „Катице, да ми средиш да се виду сс другарку ти, ама на само, један на један. Поправо, да дојдете у пицерију „Гарнизон“,по можност тебе да те заболи стомак и одма да си идеш“. Кате ја одигра успешно својата ролја и од тогаш другарка ú е во сигурни и вистински раце. Бидејќи ни беше стројник  таа си доби фустан, а Лики си фати дечко . Седум годни се гледавме тајно. Никој не знаеше за нас, ниту семејствата, ниту пријателите.Откако ја обзнанивме љубовта, почнавме да живееме заедно.  – открива Нино.

Нино и Лидија имаат 23 години љубовен стаж, со прекрасни моменти. Но, тоа што најсилно ги врзува се нивните семејства.

-Татко сум на на две ќерки од првиот брак. Постарата Анита Димовска, е професор по англиски во ОУ „Кочо Рацин“ во Куманово. Таа ми ја роди прекрасната внука Бела, која сега наполни 13 години. Помалата Магда Величковска  живее на Малта веќе три години и работи како графички дизајнер..  Мојата Лидија има син Александар Трифуновски, доктор, уролог-хирург на Универзитетската Клиника во Скопје. Неговата сопруга и нашата снајка е Кристина Трифуновска, која ни го роди внучето Борис,. За три месеци ќе наполни три години. Лики има и ќерка, Марта, која е мажена за Драган Красовиќ и од нив имаме уште две внучиња: Мила и Огњен.  Тоа сме ние. Среќно семејство!

-На наша голема среќа и задоволсто, најискрено ви кажувам дека толку соживот и разбирање има меѓу нашите деца и внуциња, што можеме да бидеме  вистински пример дека сé се може, ако навистина се сака и се почитува.  Тоа нас нé крепи и ни дава сила уште повеќе да се посветиме на семејството .Внучињата во неколку свечени пригоди ни сугерираа „Баба Лики и дедо Нино, баш би можеле да направите една убава венчавка„„. Со Господ напомош и со добра мисла и здравје пред сé, желбата на внучињата, а и нашата  ќе си ја исполниме . Планираме тоа да го направиме в година, во август во црквата „Св. Илија“ на охридското крајбрејже – открива пејачот.

Обожавателите на фолк легендата Нино Величковски, имаат можност на малите екрани да ги видат неговите три нови спотови за песните „Грација“, „Гушни ме како тогаш“ и „Лина“.Во два од нив се се појавуваат неговата партнерка и останатите членови на семејство, кои што Нино ги споменува и со кои се гордее.

Соња Алексоска  Неделковска