Ниту една црта на лицето не ѝ е на место: Важеше за една од најубавите жени, а сега е непрепознатлива

Добивај вести на Viber

Вечно младешкиот изглед на Стефани беше предмет на многу шпекулации низ годините

- Дали е тоа навистина таа? - пишува во коментарот под снимката од појавувањето на Гвен Стефани во шоуто на Сет Мејерс.

Популарната пејачка, која може да се пофали со 30-годишна успешна кариера, предизвика бројни реакции со своето појавување во емисијата во која најмногу зборуваше за хит ТВ-натпреварот „The Voice“. Но, судејќи според коментарите на интернет, гледачите сакаа таа да зборува за нејзината неверојатна трансформација.

– Таа е буквално непрепознатлива – гласеше еден од најпопуларните коментари за изгледот на 52-годишната пејачка.

– Сега изгледа сосема поинаку – пишува во коментарот подолу.

- Цел живот сум нејзин обожавател и не ја препознав. „Толку сум збунет“, додаде еден фан.

- Никогаш немаше да претпоставам дека ова е Гвен Стефани, да не‘напишеа - гласат коментарите.

Вечно младешкиот изглед на Стефани беше предмет на многу шпекулации низ годините, но ѕвездата никогаш јавно не проговори за какви било козметички процедури. Кога гостуваше во познатиот сегмент „Carpool Karaoke“ во 2016 година, водителот Џејмс Корден ја праша точно како „старее наназад“, но таа тоа го припиша на врската со сегашниот сопруг Блејк Шелтон.

Да потсетиме дека Стефани, пејачката на ска-поп групата No Doubt, еволуираше во икона на популарната култура во 90-тите години, која започна соло кариера во 2004 година и на крајот лансираше сопствена линија на мода и шминка.

Обожавателите сакаа да слушнат нова музика од Гвен Стефани, бидејќи таа нема издадено албум цели пет години, но ќе бидат многу разочарани од нејзината исповед во едно неодамнешно интервју. 

Имено, таа за време на карантинот напиша „повеќе од 30 песни“ за новиот албум, но Стефани призна дека не чувствувала страст за ниту една од тие песни, па наместо тоа решила да ја насочи својата енергија на бракот со Шелтон.

- Го ставив тоа за други планови, но понекогаш се чувствувам како да немам многу што да кажам, па решив да почекам малку - изјави таа за Форбс.


Фото: Профимедиа

Можеби ќе ве интересира: 

Две спектакуларни венчаници + каубојки: Гвен Стефани се омажи на 51-годишна возраст, смело стилизирана (ФОТО)