Две спектакуларни венчаници + каубојки: Гвен Стефани се омажи на 51-годишна возраст, смело стилизирана (ФОТО)
Двата невестински фустани ги потпишува Вера Ванг, а пејачката одлучи да не ги комбинира со сандали, туку со чизми.
Пејачката Гвен Стефани (51) ги сподели првите фотографии од нејзината венчавка со Блејк Шелтон.
Музичката двојка се венча на ранчот на Шелтон во Оклахома, во капела што самиот Блејк ја изгради за да се ожени со Гвен.
Гвен Стефани носеше венчаница потпишана од Вера Ванг, шиена специјално за неа. Пејачката блескаше во шик бела свилена венчаница, долга до подот, со изразено деколте и гол грб. Таа носеше долг прекрасен превез со зашиени имиња Блејк, Гвен, и на нејзините три деца, Кингстон, Зума и Аполо, но и две бели рози.
Сепак, тоа не беше сè, бидејќи Гвен имаше и друга венчаница, односно коктел фустан, кој исто така го дизајнираше Вера Ванг.
Станува збор за мини-фустан направен од бела италијанска свила, опкружен со кристали, но исто така и со прекрасни симболи во вид на рачно зашиени птици: две птици претставуваат пар, а три птици ги претставуваат децата на Гвен, Кингстон, Зума и Аполо. Вториот превез е пократок и со цветни детали.
Од накит избра нараквици, сјајни обетки и ѓердан
Конечно, обувките беа она од кое никој не можеше да го тргне погледот - бели чизми-каубојки со потпис од брендот „Ле Сила“.
извор:glossy