НЛБ Банка, една година патронство над пациентите со цистична фиброза

Добивај вести на Viber

Пред една година, токму на 21 ноември кога се одбележува европскиот ден на пациентите со цистична фиброза, НЛБ Банка www.acf.mk која овозможи поголема едукација и достапност на информациите за пациентите со цистична фиброза, како и полесно остварување на соработка на АЦФ со институции, други компании - потенцијални донатори, меѓународни здруженија и организации.

„За Асоцијацијата за цистична фиброза изминатава година е исклучително важен период. За нас е една година сериозно, верно и посветено патронство на НЛБ  Банка, година на надеж, сила и енергија за нашите пациентии нивните семјства, за заедницата. Патронството на НЛБ Банка е додадена вредност која ги надминува професионалната и деловната етика, добивајќи еден значајно поширок општествен контекст. Заради сето ова, НЛБ Банка како наша патрон - банка, ја заслужува сета почит и благодарност, дотолку повеќе што како предводници и меѓу првите во земјата застанаа зад животот на пациентите со цистична фиброза, покажувајќи дека тие не се само административна категорија, вели Претседателката на АЦФ, Ивана Атанасоска. 

Еден од најголемите проекти реализирани во изминатава година е реконструкцијата на Одделот за цистична фиброза при ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести Скопје.

„По повод европскиот ден за подигнување на свеста за цистична фиброза, менаџментот на Универзитетската клиника за детски болести во име на вработените на клиниката, изразува јавна благодарност до НЛБ Банка за донацијата за реновирање на Одделот за цистична фиброза на клиниката. Со оваа донација НЛБ Банка ја покажа својата општествена одговорност за подобрување на условите за лекување во јавното здравство, особено грижата за младата популација“, истакнуваат од раководството на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.

Инаку, цистична фиброза е комплексна, мултисистемска, живото-засегнувачка болест. Лицата заболени со цистична фиброза се во категорија на лица со трајна попреченост поради ретка хронична болест од најтежок облик. Во Македонија од цистична фиброза боледуваат околу 140 пациенти. Асоцијацијата за цистична фиброза е непрофитно здружение на пациенти, родители/старатели на заболени од цистична фиброза чија основна цел се активности за подигнување на свесноста за цистична фиброза како една од најчестите ретки болести во светот и земјата, подобрување на условите и квалитетот на живот на лицата болни од цистична фиброза и помош на пациентите при обезбедување на лекови и медицински помагала. 

ПР објава