НЛБ Банка го овозможи мобилното банкарство за корисниците на новите Huawei телефони

Добивај вести на Viber

НЛБ Банка го овозможи користењето на НЛБ мКлик - мобилното банкарство за физички лица и НЛБ мПроклик мобилното банкарство за правни лица на платформата AppGalleryза корисниците на новите модели на Huawei мобилни телефони.

Достапноста на апликациите за мобилно банкарство за физички и правни лица и преку платформата Huawei AppGallery е од големо значење, бидејќи обезбедува поголема достапност на дигиталните сервиси и можност истите да ги користат сите клиенти на банката.

Апликацијата НЛБ мКлик за физички лица е достапна на следниот линк: https://appgallery.huawei.com/#/app/C103005871

Апликацијата НЛБ мПроклик за правни лица е достапна на следниот линк:https://appgallery.huawei.com/#/app/C103010517

НЛБ мКлик мобилното банкарство за физички лица и НЛБ мПроклик мобилното банкарство за правни лица имаат модерен и интуитивен дизајн и овозможувaат едноставен пристап до податоците и проверка на состојбата на сите сметки, во било кое време и од било кое место, без потреба од посета на Банката. Преку овие две апликации за мобилно банкарство, клиентите можат да се реализираат сите банкарски трансакции брзо и лесно само со еден клик без потреба од дополнителен уред токен. Воедно, НЛБ мКлик апликацијата ја нуди можноста  за аплицирање на НЛБ мКлик кредит, како и on-line отворање на трансакциска сметка директно преку мобилен телефон.

Апликациите НЛБ мКлик и НЛБ мПроклик овозможуваат директен пристап до Банката,постојан увид на состојбите и прометот на сите свои сметки, како и пристап до целата палета на продукти и услуги кои Баната им ги нуди на своите клиенти.

Повеќе информации во врска со оваа понуда клиентите можат да добијат на веб страницатa nlb.mk, на социјалните мрежи на Банката или преку контакт центарот на телефон 02/15 600.

Пр објава