НЛБ Банка и Кроациа Осигурување со донација по повод патрониот и државен празник Св. Климент Охридски и 50 години од пуштање во употреба на објектот на НУБ „Св. Климент Охридски“

Добивај вести на Viber

На наше огромно задоволство НЛБ Банка и Кроациа Осигурување денеска беа дел од свеченоста во организација на Националната и Универзиетска библиотека Св. Климент Охридски со која беше одбележан патрониот и државен празник - Свети Климент Охридски како и 50-годишнината од пуштањето во употреба на објектот на НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје, проектантско дело на еминентниот македонски архитект Петар Муличкоски (2.3.1929 - 8.8.2022). 

Како веќе најавивме НЛБ Банка заедно со Кроациа осигурувње во ноември, по повод Месецот за подигнување на свесноста за потребата од осигурување, заеднички започна општествено одговорна кампања каде во фокус беше токму Националната и универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски” во Скопје. Се одлучивме со секоја купена полиса од Кроациа Осигурување - Живот, во некоја од филијалите на НЛБ Банка во текот на месецот, да издвојуваме по едно евро, а собраните средства ги дониравме за опремување на една од читалните во рамки на библиотеката. Им го честитаме патрониот празник и благодарни сме на можноста да дадеме наш заеднички скромен придонес во одржување и поддршка на институцијатата која цели 50 години им своја важна улога во образованието на младите и идните работни кадри од нашата држава.