Нокаут прашува: Што бараш ти во моја песна?

Добивај вести на Viber

Ристо Вртев од „Архангел“,се качи на сцената и јавно го поддржа „Нокаут“. Потегот предизвика овации и аплаузи. Бендот отпеа четири песни од новиот проект. Водителот на настанот Антонио Димитриевски ги потсети присутните на првата средба со нив во студиото на МРТВ каде што тогаш работел и првпат ги слушнал во живо.

Ова беше само дел од атмосферата на вчерашната промоција од отворен тип на новиот албум на „Нокаут“ со наслов „ Што бараш ти во мојата песна?“

- Насловот на песната по која се вика албумот го смисли Игор Џамбазов, кој е автор на текстот. Се однесува на сите оние кои се наоѓаат во нашите песни и многу ми е мило што се тоа луѓе од различни генерации. На нашето четврто издание има 14 песни, дел се нови, дел веќе познати, како „Кога ме сакаш ти“, „Сакам да живеам“, „Шал“. За „Шал“ Игор Џамбазов пред четири години откри дека ја напиша за својата голема љубов од младоста, која е сега почината – изјави Перески кој освен тој и Џамбазов, во улога на автори се јавуваат и Дарко Димитров, Игор Атанасовски-Харе, Огнен Неделковски, Роберт Билбилов, Александар Ристовски-Принц, Филип Неделковски и Венко Серафимов.

Промоцијата се одржа пред двата концерта на „Нокаут“ во Филхармонијата на 10 и 11 ноември. Првиот концерт беше распородаден за еден ден, објави продукцијата „Сцена“, која ги организира концертите. Специјален гостин ќе биде Дарко Гелев-Брејк, кој долго време нема снимено нова песна.

На промоцијата, која беше од отворен тип, Перевски им рече на гостите дека со купување на нивното цеде донираат за македонската музика.

(С.А.Н)