Носат пари, позитивни чувства и здравје: Ова се среќните бои во 2024 година според знаците на кинескиот хороскоп
Како да привлечете среќа, просперитет и позитивна енергија во 2024 година, годината на Змејот? Ако ги прашате оние кои веруваат во кинеската астрологија - опкружувајќи се со овие бои!
Новата година ќе биде во знакот на Дрвениот змеј, кој во кинескиот астролошки систем се поврзува со елементот оган и припаѓа на јанг, па се очекува да ги зајакне нашите природни карактеристики и да донесе позитивни промени во нашите животи.
Ова може да биде година на трансформација и вести кои не радуваат и кои долго време ги чекаме, а се верува дека можеме да му помогнеме на Змејот, кој е силен и носи успех, да ни донесе среќа носејќи одредени бои и опкружувајќи се со нив.
Кои бои ќе ни донесат среќа?
Кинеските експерти за хороскоп препорачуваат да го обоиме животот во:
златна, за привлекување богатство и постигнување цели
жолта, за да чувствуваме само добри работи и позитивна енергија
зелена, за да бидеме здрави и просперитетни
Среќни бои според знаците во кинескиот хороскоп
Сепак, на различни хороскопски знаци особено им се советува да носат одредени бои или во нив да имаат предмети од нивната околина.
Змеј
(Години на раѓање: 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012)
златна, сребрена и виолетова
Стаорец
(Години на раѓање: 1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984)
сина, црвена и зелена
Свиња
(Години на раѓање: 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019)
портокалова, сива и кафеава
Мајмун
(Години на раѓање: 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016 година)
сива, сина и црна
Зајак
(Години на раѓање: 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023)
розова, виолетова и црвена
Бивол
(Години на раѓање: 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021)
зелена, бела и златна
Тигар
(Години на раѓање: 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022)
сина, портокалова и сива
Змија
(Години на раѓање: (1965, 1977, 1989, 2001, 2013)
црна, црвена и жолта
Коњ
(Години на раѓање: 1966, 1978, 1990, 2002, 2014)
црвена, зелена и сина
Коза
(Години на раѓање: 1967, 1979, 1991, 2003, 2015)
кафеава, црвена и бела
Петел
(Години на раѓање 1969, 1981, 1993, 2005, 2017)
кафеава, златна и зелена
Куче
(Години на раѓање 1970, 1982, 1994, 2006, 2018)
црвена, зелена и розова
Извор: glossy.rs