Носење важни одлуки, големи соништа и промени! Ретроградниот Нептун најмногу ќе влијае на 4 хороскопски знаци

Кои хороскопски знаци можат да очекуваат најголемо влијание на ретроградниот Нептун од 30 јуни до 6 декември оваа година?

Близнаци

Близнаците имаат големи соништа за иднината, но нема потреба од брзање бидејќи овој период е идеален за размислување. Може да добиете предупредувања кога станува збор за вашите цели во кариерата. Доколку сте биле опуштени, ѕвездите ве поттикнуваат да се фокусирате на правилниот начин на планирање и извршување на активностите. Иако Нептун може да поттикне мечтаење, потребна ви е доза на практичност. Дури и ако резултатите не доаѓаат брзо, бидете упорни.

Рак

Ова е период кој може да ви каже многу за вашиот раст и развој. Многу сте издржале, а за тоа говорат вашите успеси. Нептун ве поттикнува да се поврзете повеќе со луѓето преку вашите искуства. Потребна ви е љубовта и поддршката од другите за да преминете на следното ниво. Оставете ја старата верзија од вас и прегрнете ја новата која ќе ви донесе многу среќа.

Девица

Ако луѓето ве лажеле во минатото, ќе дознаете сега. Вистинската слика за партнерот ќе ја откриете доколку во овој период се фокусирате на потрагата по вистината. Во наредните месеци ќе се трудите повеќе да се цените себеси и да донесувате подобри одлуки во пријателските и романтичните врски. За оние кои се во сериозна врска – работите можат само да се подобрат, а врската ќе се зајакне.

Шкорпија

Оваа сезона го доживеавте целиот свој потенцијал и моќ. Во овој период се развивате и трансформирате, а Нептун и Сатурн ќе ви донесат можност да воспоставите посилни романтични врски. Ќе бидете во хармонија со сѐ што ви носи просперитет. Овој период е поволен за анализа и размислување, но не и за донесување важни одлуки. Имате бестрашност и храброст, а креативноста и слободата ќе ви помогнат да стигнете таму каде што сакате.

Извор: glossy.espreso.co.rs