НОВ ПОЛИЦИСКИ ЧАС: За младите под 18 и за возрасните над 67 години
Од ден во ден се менуваат рестрикциите кога е во прашање полицискиот час.
Владата реши да се забрани движењето на младите до 18 години од 21 до 12 часот, а на постарите од 67 години од 11 до 05 часот следниот ден, информираше вечерва премиерот Оливер Спасовски.
Тоа значи дека младите до 18 години ќе можат да се движат од 12 напладне до 21 часот, а возрасните над 67 години од 05 до 11 часот претпладне.
Спасовски информира и дека полицискиот час за сите се поместува од 21 до 05 наместо до 06 часот.
Утре на седница на Кризниот штаб ќе биде разгледана и можноста за целосно укинување на јавниот превоз.
Спасовски не исклучува и дополнителни рестриктивни мерки зависно од тоа какви ќе бидат проценките за развојот на настаните и колку граѓаните ќе бидат дисциплинирани во применувањето на досега донесените.