Нов производ на Охридска банка Сосиете Женерал наменет за мали и средни претпријатија
Охридска банка Сосиете Женерал, во своето корпоративно кредитно портфолио
воведува нов бизнис кредит – Лифт кредит, наменет за мали и средни претпријатија
кои имаат потреба од финансирање на тековните деловни активности.
Лифт - бизнис кредитот e креиран со цел да им помогне на малите и средни
претријатија да го подигнат својот бизнис на едно повиско ниво, односно преку
поволна каматна стапка и атрактивна понуда без дополнителни трошоци, малите и
средни претпријатија да можат да го унапредат своето работење, да набавуваат
материјали и стока, да го финансираат тековно производство, или генерално да ја
подобрат ликвидноста на својата компанија.
Почнувајки од денес, сите заинтересирани мали и средни претпријатија, може да
аплицираат за Лифт – бизнис кредит во Охридска банка Сосиете Женерал и да го
искористат промотивниот период кој ги ослободува клиентите од провизија за
исплаќање на кредитот, како и од провизија за одржување.
Лифт – бизнис кредитот се карактеризира со фиксна каматна стапка од 5.5% за
целиот период на исплата на кредитот, односно за период од 13 – 36 месеци, за обртни
средства, индексиран во евра, за износи од 5.000 ЕУР – 50.000 ЕУР.
Со воведување на Лифт – бизнис кредитот во своето корпоративно кредитно
портфолио, Охридска банка Сосиете Женерал и понатаму продолжува да делува како
Банка, која е во одлични и долгорочни релации со корпоративниот сектор во земјата,
посветувајќи им внимание и грижа на малите и средни претпријатија, преку понуда на
атрактивен производ со кој ќе им го олесни тековното работење.
Повеќе информации за Лифт – бизнис кредитот и за останатите производи на
Банката може да најдете на www.ohridskabanka.mk или во експозитурите на Банката
ширум земјата.