Нов симптом на коронавирусот што се појавува кај помлади луѓе

Добивај вести на Viber

Експертите предупредуваат на уште еден можен симптом, а тоа е ненадејното губење на чувството за мирис. Познато е дека симптомите на заболување, предизвикани од корона вирус, се треска, кашлица и останување без здив. Отоларинголозите сега предупредуваат на уште еден симптом за кој веруваат дека е поврзан со тоа - губење на чувството за мирис.

Аносмија е ненадејно губење на мирис, но без затнат нос, понекогаш придружено со губење на вкус, пишува Хина.

Неколку лица со КОВИД-19 пријавиле аносмија како еден од симптомите, изјави друг официјален претставник на Министерството за здравство на Франција, Џером Саломон.

Во случај на аносмија, треба веднаш да се јавите на лекар и да избегнете самолекување, предупреди Соломон.

Сепак, симптомот е доста редок и најчесто се јавува кај млади пациенти со лесна клиничка слика.

Не треба да се користи класична терапија.

Сепак, француското здружение за отоларинголози повикува на тоа дека постои очигледна врска помеѓу аносмијата и вирусот, вели Џан-Мишел Клајн, претседател на Националното здружение на отоларинголози.

„Луѓето кои доживуваат ансомија, мора да се изолираат“, советува Клајн.

Сличен заклучок, кој ја поврзува аносмијата со болеста КОВИД-19, дојде и од германски и од американски експерти.

извор: balkans Al jeezira