Нов сингл и спот за АнтиарТ

Добивај вести на Viber

Денес, на YouTube (ЈуТјуб) каналот на бендот АнтиарТ беше објавен нов сингл и видео запис. Песната се вика Облаци и е авторско дело на бендот. За аудио делот се погрижи Нино Спиркоски. Видеото е изработено од режисерот Томи Акимовски (leletomi) и поради тековните забрани наметнати од КОВИД-19, содржи видео материјал снимен изминативе години, како и позајмени видеа. 

Спотот погледнете го во видеото подолу:


Бендот е составен од 5 члена: Леана Таќи (вокал), Никола Бочваров (бас гитара), Давид Матевски (гитара), Петар Лукиќ (клавијатури) и Александар Ванчовски - Џигер (тапани). Минатото лето тие го промовираа својот прв студиски албум, а оваа година публиката имаше можност истиот да го чуе на МТВ Unplugged (акустичен концерт во продукција на Македонската телевизија.