НОВА ЕПИЗОДА ОД СВЕЌИЧКАТА ОГИ: Играме криенка и учиме да броиме!

Гледајте ја втората епизода од авантурите на роденденската свеќичка Оги и неговите другарчиња! Овој пат, Оги и нилското коњче Лила Виолетова учат да бројат, играјќи криенка низ Дримленд.

"Свеќичката Оги" е нова македонска серија за деца, во продукција на компанијатаДримленд, сопственик на познатиот ланец игротеки во Скопје. Преку другарувањето со Свеќичката Оги, Тортичка, нилското коњче Лила и бувот Бубу, децата се забавуваат и го запознаваат светот преку игра, смеа и песна.

Епизодите од “СвеќичкатаОги”се достапни наYouTube,наФејсбук, како и преку Дримленд мобилнатаапликација.

"Нашата цел е да обезбедиме повеќе интернет содржини за деца на македонски јазик.Денес децата гледаат YouTube видеа секојдневно и тие често се на англиски, српски, хрватски, па и на други јазици. Како семејна компанија чија дејност е поврзана со растењето и развојот на децатa, решивме да направиме серија на нивниот мајчин јазик, која ќе им нуди забава, водејќи грижа тоа да биде и корисно за нив", изјави сопственикот на Дримленд Игротеки, Александар Јаковлески.

"Свеќичката Оги" е комбинација од игра на акција и анимација, такашто во неа сѐ е цртан филм освен главниот лик кој е всушност и новата маскота на Дримленд и со кого децата ќе можат да се дружат во живо,во самите игротеки. Втората епизода од "Свеќичката Оги" може да ја гледате на линкот во оваа објава, а нова епизода очекувајте секоја среда.

Линк од втора епизода

YouTube канал: http://bit.ly/СвеќичкатаОгиYouTube

Facebook страна: http://bit.ly/DreamlandFBPageДримлендмобилна апликација: http://bit.ly/МобилнаАпликација
Вебстраница: http://bit.ly/ИгротекиДримленд#СвеќичкатаОги#ДримлендИгротеки#ЗаПосреќноДетство#игротека#роденден
Вебстраница: http://bit.ly/ИгротекиДримленд#СвеќичкатаОги#ДримлендИгротеки#ЗаПосреќноДетство#игротека#роденден