Нова надеж: Две недели по пилот концертот со 5000 луѓе во Барселона, нема знаци на ширење на ковид-19
фото:printscreen
По рок-концертот со 5000 присутни, што се одржа како тест на 27-ми март во Барселона, нема знаци на ширење на заразата - соопштија организаторите.
Посетителите не беа обврзани да држат растојание едни од други, но мораа да носат заштитни маски. Организаторите очекуваат дека експериментот ќе овозможи организирање на слични настани што ќе ја вратат музичката индустрија во живот.
Концертот се одржа во салата Палау Сант Џорди во Барселона, а на сите посетители им беше измерена температурата пред да влезат во салата.
Претходно, во текот на денот, тие мораа да бидат прегледани и тестирани, а прегледите беа извршени на 80 локации во Барселона од страна на 80 медицински сестри.
Маските беа задолжителни на концертот на шпанскиот бенд "Lav of lezbijan", но посетителите не мораа да држат растојание едни од други, па на снимките се гледа како луѓето се гушкаат, бакнуваат и пеат.
„Добредојдовте на еден од највозбудливите концерти во нашите животи“, рече фронтменот на бендот Санти Балмес на почетокот на концертот.
Владата го одобри концертот како тест за одржување слични настани во иднина, Властите дозволија концертот да се одржи за да се тестира неговата ефикасност во спречување на епидемија на големи културни настани.
Организаторите наведуваат дека ова е прв настан од вакви размери во Европа од почетокот на пандемијата.
Цената на билетот, која изнесуваше од 23 до 38 евра, ги вклучуваше трошоците за тестирање и висококвалитетната маска, која сите требаше да ја носат освен додека консумираат храна или пијалоци.
Сега, по две седмици од тест концертот, на сите учесници на настанот им се направени ПЦР тестови и ниту еден знак не укажал на ширење на заразата од ковид - 19 за време на настанот.Уште неколку такви пробни концерти се оддржаа во неколку земји, а резултатите покажаа дека и таму нема ширење на заразата. Погледнете: