Новак-Тесла Ѓоковиќ - најголемиот научник на столетието

Добивај вести на Viber

Минатиот пат, колумната што ја напишав за Новак Ѓоковиќ, беше заклучно со првиот сет од финалето.

Во тој момент ја ставив точката. На 6-3 за Ноле. Тогаш престанав да пишувам и не го знаев конечниот  резултат.

Сакав, дозволувајки си ја себе, таа исклучителна возбуда, гледајки еден таков “светски“ меч да уживам со сета своја страст. Едноставно да пуштам да ме дрма, да ме тресе, да ме вознемирува, да паѓам и да станувам, за време на мечот. Да навивам, како да сум таму. Да псујам, да викам, да урлам, да аплаудирам. Едноставно да се однесувам, како да сум во публика и да се однесувам сходно нашиот балкански темперамент, на кој и јас сум “озбилен“ автентичен претставник.

Да псујам и да гинам дур ме држи срце и снага, а потоа да плачам дур воздух снемам. Тоа се двете страни на нашата балканска медаља, тоа се двата краја на нашиот “балкански стап“. Тоа е нашиот “улав“ балкански темперамент.

Прво ќе го “искршиш“ од ќутек своето дете, апосле ќе го задушиш од гушкање. Затоа сме такви. Ние сме “дно на врху света, или врх на дну света“. Како сакате.

Затоа минатиот пат насловот на колумната ми беше “Ноле успеа да го победи болниот балкански менталитет“.

Да!, со самото тоа што стаса до финалето, а не се распадна, како што Југославија се распадна, кога умре Тито, точно во момент, кога требаше да го одигра своето големо финале, за што со години беше тренирана со сите можни припреми. И висински, и низински и пешадија и авијација, спорт, уметност, култура, музика, географија, историја… Се… И со најдобриот даскал на светот.

Но Југославија клекна и се распадна. 

Клекна пред нападите, кои пристигнуваа од сите страни на светот. Најмногу од западот.

Исто како на Ноле. Најголемите напади му пристигнуваат секогаш од таму.

Никогаш нема да можат една Америка, особено една Англија, или кралска Британија да прифати најкралскиот спорт, кој што всушност тие го измислија, баш така “брутално“, да им го земе еден Балканец и тоа од Србија, која токму тие ја бомбардираа и ја ставаа под ембарго и го тераа народот да живее со пет марки плата и да искача по мостови и да ја брани со своите гради, својата чест. И згора на тоа, да им јаде од тревата покажувајки им со само нам својствен “цинизам“ -“баш е вкусна. Цинизан на кој и дури и нивната “Црна Гуја“, може само да аплаудира.

За истиот тој Ноле потоа, на својот драг колега, но пред се другар да му ја “подари“ победата на Олимпијадата, за овој да добие титула Сер од Англиската Кралица. За Енди Мареј зборувам.

Каква мајсторија. Рамна на Никола Тесла.

За која патем сеуште се караат Србите и Хрватите.

Овие го крстија аеродромот, а другиве го ставија на својата нова - евро монета.

Мисламммм. Ќе заврши ли некогаш тој чувени српско-хрватски комплекс. Никад. А можда ни тад. Е затоа Ноле го зема Иванишевиќ за тренер. За да мора на некој начин и хрватите да навиваат. Или за да може нормално да се шета низ Дубровник, или на Хвар.

Па пази! Мислам глупо би било Дејвид Бекам и Викторија да се шепурат на Хвар со јахта, а Ноле да не може ко човек да се избања на Паклени отоци. Патем, многу добри познавачи на светската-географска туристичка мапа Хрватска ја ставаат во една од најубавите земји на светот. И ја мислам така, со моето скромно туристичко и аналитичко патешествување. Така што и ја би играла така. Мислам, замисли…, едната од најубавите земји да ти е на комши-капиџик, а ти да не можеш од глупи национални распаднати хистерии да отидеш и да го вкусуваш нивниот светски маслинов зејтин, риба, пршута, сир и све то… Глупо би било нели!? Затоа бааам Иванишевиќ тренер…  Каква светска интелигента мајсторија. Не капа, срце на поклон. И овој другиов исто така. И он мајсторски. Кога друг пат Иванишевиќ би се вратил на таква голема врата во тенисот. Никад! Чак ни тад. А сега е тренер на еден од најголемите, ако не и најголемиот спортист не само на столетиево. На сите времиња.

Е затоа овој пат колумната ми е со наслов Новак-Тесла Ѓоковиќ - (патем, ова го изнедри една моја драга пријателка, на која сум и бескрајно  благодарна за идејата).

Додадов најголемиот научник на столетитето, бидејки апсолутно мислам дека е тоа така.

Ова се лични страсти, ова се лични проекции, ова се лични емоции, со кој вие можете да се сложите или не.

Но мене тоа ми се случуваше на секој поен од финалето, на секој гем, сет, на секој негов поглед, на секоја “крволочна“, или помалку “крволочна реакција на публиката. За на крај да липам и јас со него заедно. Исто така. До заоѓање.

И конечно на секој крволочен српско-хрватски поглед што си го упатуваа Ѓоковиќ и Иванишевиќ.

Во еден омент мислев дека Иванишевиќ, ќе стане од боксот, ќе го отера Ноле у три лепе, ќе ја испее “Љепа наша“ и ќе си отиде.

Мислам дека нема Југослевен, кој не го помисли ова.

Но не!! Останаа и едниот и другиот, за после да си делат комплименти еден на друг од типот на “Ја теби Сердере, ти мени Војводо.

За победата, на крај да биде најмногу нивна, но и наша.

“У име свих нас ис педесет и неке, или Хеј словени јоште живи реч наших дедова“.

Или “јер срце није камен“, што би рекол наш Македонско-Хрватско-Српски Тоше Проески…

(Не заборавете дека исто го славеа и исто го плачеа, дури можеби и повеќе од нас го ценеа Србите и Хрватите)

И затоа токму овој човек оваа камена грамада, со секој свој потез на финалето на Австралија Опен, со секој свој поен, гест, со секоја своја реакција, го избруси своето камено срце и го престори во дијамант.

Најблескавиот дијамант во ова столетие.

Новак-Тесла Ѓоковиќ.

За Женски Магазин, Тања Трајковска

*Ставовите изразени во колумната се лични ставови на авторот и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Женски магазин

Колумната може да ја слушате во аудио-верзија во продолжение: