Моден фокус // Стил Профил
Новата Булгари колекција аксесоари е спој на скулптурни форми и контрастни текстури
Новата Булгари есен/зима 2018 колекција аксесоари претставува модерна мешавина на форми, бои, скулптурни форми и текстури кои ќе ве освојат на прв поглед.
Булгари е моден бренд кој знае како да ги искористи боите, па моделите на чанти Serpenti Forever и DIVAS’ DREAM се во нови нијанси, Serpenti Forever Stardust Quilted Blast има нова форма, а за фаворит се смета моделот Serpenti Forever изработен од кожа од питон.
Моделот Serpenti Diamond Blast доби модерна трансформација со совршена мешавина на бои и текстури, а нежниот дезен креира убав визуелен ефект, нудејќи идеална рамнотежа на геометријата и боите.
Покрај чантите, новата Булари колекција вклучува и очила за сонце кои иделано се вклопуваат со новите модели.