Новата колекција на модната куќа Живанши

Добивај вести на Viber

Како во филмовите!

Ревијата за сезоната есен/зима 2018/2019 е претставена во Палатата на правдата. Инспирацијата за оваа колекција се холивудските криминални драми како и атмосферата на ноќниот живот во Берлин во раните осумдесетти.

„Ми се допаѓа мистериозната атмосфера што ја нуди една ноќ во Берлин. Таа ги изострува сетилата и вообичаените работи ги гледаме во едно потполно друго светло. Сакав токму таа атмосфера да ја пренесам во новата колекција“ изјави Клер Вејт Келер.

Новата колекција есен/зима 2018/2019 е посветена на црно-белите филмови и холивудските драми од 1940-1950-тите години. Со оглед на фактот дека името модната куќа- Живанши засекогаш е овековечено во историјата на кинематографијата, се покажа дека избраната тема е логичен продолжеток на бившите дизајнери Меквин и Рикардо Тиши.

Ноќниот живот во Берлин на почетокот на 80-тите на модната писта е претставен во темно плава, темна сива, црна и виолетова боја. Претставени се големи бунди, кожни јакни, класични сакоа со остри раменици, маички и фустани од сјајни ткаенини.