Новата Меган Маркл??? Мажена со друг? Гледате во „близначката“ на војвотката

Акеиша Ленд (39) од Мисури собра повеќе од 20.000 лајкови откако објави фотографија од нејзината ќерка Грејсон. Очигледно е- личи на Меган Маркл.

Оваа мајка на две преслатки деца всушност започнала профил на Инстаграм за својата ќерка и собрала над 200 илјади следбеници. Не е ни чудо бидејќи нејзината мала ќерка е навистина преслатка, а откако Акеиша реши да се појави на фотографијата, нејзиниот Инстаграм експлодираше.

Таа му кажа на порталот Фемејл дека секој ден луѓето ја запираат на пат мислејќи дека е Меган.

- Често ме споредуваат со неа, не само на интернет. Кога пешачам, одам во црква, во кино, во продавница... Странци доаѓаат кај мене и ме прашуваат дали некој некогаш ми кажал дека личам на Меган, особено во последно време бидејќи носам права коса - му раскажува Акеиша на Фемаил. 

Дури и нејзините блиски пријатели и семејството и велат дека личи на неа, а Акеиша не гледа никакви сличности. „Мислам дека тоа е огромен комплимент бидејќи Меган е убава“.

- Знам да се пошегувам и да кажам дека би било одлично да и кажат на Меган ако не сака да оди на некои настани, можам јас - се шегува Акеиша.

Фото: Инстаграм

Извор: VL