НОВИ НАСЛОВИ ОД СЕРИЈАЛОТ НА АГАТА МИСТЕРИ

Во книжарниците на ПРОСВЕТНО ДЕЛО можете да ги најдете најновите 4 наслови од серијалот АГАТА МИСТЕРИ. Овие бестселери за деца досега се продадени во над 1 милион примероци ширум светот. 

Агата Мисти е 12-годишно девојче кое има неверојатна меморија, а  кога ќе порасне сака да стане познат писател на криминалистички романи. 

Заедно со нејзиниот братучед Лери, ученик во престижното училиште за детективи, патуваат низ светот за да ги решат мистериозните, нерешливи случаи: Загатката на фараонот, Исчезнувањето на Бегалскиот бисер, Мечот на шкотскиот крал, Кражба на Нијагарините водоподи, Убиство на Ајфеловата кула, Богатството на бермудите... 

Овој серијал на книги е вистински избор за сите оние кои сакаат класични мистерии во стилот на Агата Кристи. Секоја авантура се случува на нова дестинација во светов, а стилот на кој се пишувани и фантастичните илустрации содржат многу хумор и се прилагодини за возраст на деца над осум години. Илустрациите се на Стефано Туркони.