Нови обуки од Мотива Центарот за менаџмент образование и обука во проект поддржан од Фонд за иновации и технолошки развој

Добивај вести на Viber

Доколку посакувате во наредните години да станете Специјалист за човечки ресурси, Специјалист за продажба, Специјалист за ИТ, Специјалист за набавки, Специјалист за маркетинг или Специјалист за финансии - присуството на една од овие on line обуки е првиот чекор кон големата цел.

Мотива разви шест обуки од проектот Одржливи вештини за раст и развој-Sustainable skills for Growth and Development, проект подржан од Фондот за иновации и технолошки развој.

Обуките се посебно дизајнирани програми, наменети за насочување и почеток на едукација на невработени, студенти или вработени, кои сакаат да градат кариера и да се специјализираат и работат во една од горенаведените дејности  во наредните неколку години во рамките на секторите и одделенијата за човечки ресурси, продажба, маркетинг, набавка, финансии или информатичка технологија во јавен и приватен сектор или во своја компанија.

Мотива Ве поканува за учество во обукa во живо on-line  (преку Zoom) за вештини, алатки, знаење и начин на размислување кои ви се потребни за да станете специјалист на работното место што го посакувате.

-Обука за Специјалист за човечки ресурси 18,19,20,23 Ноември 18-20,30 час

-Обука за Специјалист за ИТ 18,19,20,23 Ноември од 12-14,30 час

-Обука за Специјалист за продажба  24,25,26,27 Ноември од 18-20,30 час

-Обука за Специјалист за маркетинг  24,25,26,27 Ноември од 12-14,30 час

-Обука за Специјалист за набавки  30 Ноем, 1,2,3 Декември од 12-14,30 час

-Обука за Специјалист за финансии  30 Ноем, 1,2,3 Декември од 18-20,30 час

Проектот е поддржан од Фонд за иновации и технолошки развој

Секоја поединечна насочувачка обука е организирана во шест модули кои овозможуваат развој на вештини и знаења кои заедно со другите посочени извори на учење и практична работа, во наредните три до шест години ќе им помогнат на учесниците на обуката во специјализирање и професионален развој, во секторите и одделенијата или во отворање на свој сопствен бизнис во дејноста за која се заинтересирани.

Обуката во траење од 4 дена по 2,5 часа е исполнета со активно искуство за учење,  вмрежување, менаџмент игри, повеке спикери, панели, работа во помали тимови. Секој учесник добива сертификат за завршена обука.

Цената за учество во поединечните обуки е:

-за невработени и студенти Ден. 2.500 со вклучен ддв

-за вработени лица Ден. 8.500 со вклучен ддв

Доколку сакате повеќе информации од претставниците на Мотива, побарајте на тел. 070 358 680  и  02/3061114 или контактирајте на email:motiva@t.mk


ПР објава