Нови поволности за вработените во Diners Club Македонија

Добивај вести на Viber

Пристап до голем број на фитнес центри и поголема флексибилност во изборот на физичка активност. Ова е најновата од низа поволности кои Diners им ги нуди на своите вработени.

Почнувајќи од овој месец Diners ја покрива месечната членарина за фитнес апликациите FitKit и Sportmaster преку кои вработените ќе можат да избираат каде ќе вежбаат, што ќе вежбаат и кога ќе вежбаат. На овој начин Diners им нуди можност на вработените да ги менуваат типовите на физичка активност како и местото и времето на вежбање според нивните преференции и потреби.

„Во сè што работиме се водиме од мотото „Кога сакаш повеќе“, па така и за нашиот тим сакаме повеќе избор и можности и на професионално и на приватно поле. Преку оваа соработка сакаме да ги поттикнеме нашите вработени да бидат физички активни и да им пружиме поголема флексибилност во грижата за своето здравје, бидејќи на крајот од денот, тоа е она што е најважно.“ – велат од Diners.

Соработката со FitKit и Sportmaster е само дел на долгорочната програма на Diners Club Македонија за вложување во благосостојбата и едукацијата на своите вработени. Дел од идните планови е и воспоставување на соработки со компании од полето на едукација на странски јазици и компјутерски вештини.

Од минатата година сите вработени во Diners имаат пристап до приватно здравствено осигурување, а годинава менаџментот воведе и флексибилно работно време преку работната недела со скратено работно време секој петок до 14ч.

ПР објава