Нови предлози на Комисијата: Еве од кога можеби нема да носиме заштитни маски
Се поизвесно е дека маските ќе „паднат“ , односно нема да ги носиме од 1 јуни. Секако, се чека на одлуката на Кризниот штаб, која денес е предложена од Комисијата за заразни болести.
Она што се предлага е да се укинат заштитните маски на отворено, додека во затворен простор, јавен превоз и таму каде што не е можна дистанца, маски ќе продолжат да се носат.
Комисијата предлага и да се укине забраната за свадби. Она што го предложиле членовите на утринскиот состанок е да може да се одржуваат церемонии но максималниот број на гости да не надминува 100 а на една маса да може да има вкупно 6 лица.
За групирањето на отворено исто така се предлага престанок на забраната, но сепак препораката да се носат маски меѓу поголем број луѓе останува.
Она што комисијата предлага меѓу другото, е полицискиот час да остане на сила.