Нови промотивни услови до крајот на годината за кредитите за физички лица од Силк Роуд Банка

Добивај вести на Viber

Силк Роуд Банка АД Скопје во месец јули воведе нови промотивни услови за кредитните производи за физички лица во своето портфолио. Сите кредити на банката за физички лица до 31.12.2020 година се без административни трошоци за исплата и без трошоци за проценка на имот за хипотекарните и станбените кредити.

Сите заинтересирани клиенти за продуктите на банката, можат да аплицираат за потрошувачки и хипотекарни кредити со фиксна каматна стапка почнувајќи од 4.9%, односно најниска фиксна каматна стапка во земјава од 2.5% за станбените кредити.

Промотивните услови важат и за продуктот “Еден за Се” кој е специјално наменет за рефинансирање на кредитни обврски од други банки и со можност за подигнување и на дополнителни средства согласно со потребите и барањата на клиентите.

Со промотивниот период без административни трошоци за исплата се опфатени и потрошувачкиот кредит „Направи пауза“ единствен од таков тип во земјава кој нуди можност за пресконување на месечната рата од отплатата на кредитот без тоа да влијае на кредитниот рејтинг на клиентот, како и кредитот „Мајка“ кој е наменет за сите жени родители на дете/ца до 6 годишна возраст.

Повеќе информации за новите промотивни услови на банката сите заинтересирани можат да добијат на веб страната www.silkroadbank.com.mk, во некоја од експозитурите на банката или на профилите на социјалните мрежи Facebook, Instagram или LinkedIn.