Нови случаи на заболени од корона: Официјално 42 досега

Добивај вести на Viber

Во текот на денешниот ден се регистрирани вкупно 11 нови случаи на коронавирус - соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

Со ова, бројката на заболени од вирусот во земјата, состојба до 21:00 часот, изнесува 42, додаде тој и напиша дека состојбата на сите пациенти е стабилна, а двајца од заболените имаат средно изразена пневмонија.

Министерот соопшти и дека во моментов, се работат уште 22 теста и тие се во рамките на скринингот, а за резултатите од овие тестови ќе информират во текот на утрешниот ден.

Фејсбук статусот на Министерот во целост: