Новите Samsung MicroLED телевизори од 110 инчи овозможуваат и до четири различни содржини во текот на гледањето

Добивај вести на Viber

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. денес го објави лансирањето и претпродажбата на иновативните MicroLED телевизори од 110 инчи во Кореја. Samsung MicroLED носи светлост и квалитет на бојата што го прават единствен на пазарот, благодарение на напреднатата LED технологија на екраните. 

Првиот Samsung MicroLED екран беше претставен во 2018 година во форма на „The Wall“ телевизор, кој се состои од систем на прилагодливи панели за професионална инсталација.  Со новиот уред од 110”, Samsung за прв пат на корисниците им носи искуство со MicroLED во традиционална форма на телевизори. За разлика од својот претходник, овој модел доаѓа со претходно инсталирана софтверска инсталација и калибрација, бидејќи е фабрички поставен да нуди исклучително видео и аудио искуство, како и паметни опции, директно надвор од кутијата.

„Бидејќи корисниците бараат повеќе опции од своите телевизори од кога било досега, ние сме многу возбудени што воведуваме 110” MicroLED на комерцијалниот пазар,” рече Jonghee Han, претседател за визуелни дисплеи во компанијата Samsung Electronics. „Samsung MicroLED ќе редефинира што значи премиум аудиовизуелното домашно искуство за корисниците ширум светот.”

Иновативниот инженеринг носи нова генерација квалитет на слика

Благодарение на инженерските иновации на Samsung, 110’’ MicroLED користи LED сијалички со микро големина за да ги елиминира несаканите сенки и филтрите во боја што се користат во конвенционалните телевизиски екрани. Наместо тоа, овие сијалички светат сами, произведувајќи светлина и боја од сопствените структури на пиксели. Екранот прикажува 100 процентиDCI и Adobe RGB палети на бои, прецизно репродуцирајќи широк спектар на бои снимени од напредни DSLR фотоапарати.  Резултатот е воодушевувачки, носејќи живописни бои и соодветна светлина во 4K резолуција, со осум милиони пиксели.

Уредот доаѓа со процесор доволно моќен за да ги поддржи врвните визуелни перформанси на екранот. Целосно новиот Micro AI процесор обезбедува зачудувачка 4K HDR содржина што прикажува реални, светли, живописни слики, со оптимизиран квалитет за секоја одделна сцена.  MicroLED  сијаличките се од неоргански материјали кои се долготрајни и издржливи, со животен век од 100.000 часа, што е повеќе од една деценија.

Претходно, масовно производство на MicroLED екрани од 110 инчи, погодни за домашна употреба не беше возможна. Сепак, Samsung успеа во ова, така што компанијата развива специјална технологија за поставување на овие екрани на ѕидот, со нов производен процес  што ја прави MicroLED технологијата полесна за производство, испорака и инсталирање. Истите овие иновации ќе му овозможат на Samsung во иднина да направи уште помали модели на MicroLED телевизори, така што уште повеќе корисници можат да уживаат во искуството со гледање што тие го нудат.

Сеопфатен дизајн на екранот и врвно аудио искуство

Кога ќе го вклучат 110” MicroLED, корисниците добиваат спектакуларно искуство со гледање благодарение на соодносот на екранот и куќиштето од 99,99 проценти. Црната рамка е целосно отстранета од уредот, оставајќи го само екранот, така што ништо нема да го одвлекува вниманието на корисникот.  

Samsung ги усоврши и Smart TV опциите за да одговара на придобивките од овој масивен екран. На пример, корисниците можат да користат Multi View за удобно прегледување до четири различни содржини на поделени екрани со големина до 55 инчи. Кога ја користите оваа одлика, корисниците можат да поврзуваат повеќе надворешни уреди со телевизорот и да гледаат филмови, вести и други апликации истовремено или да играат омилена видео игра на едниот дел од екранот и да прошетат низ истата игра од друга страна, сето тоа со врвен квалитет и резолуција.  

Дополнително, 110’’ MicroLED обезбедува динамично аудио искуство, исто толку сеопфатно како и неговиот екран. Интегрираниот Majestic Sound System обезбедува врвен звук со помош на 5.1 канали, без надворешен звучен систем, трансформирајќи ја секоја просторија во луксузно домашно кино. Опцијата Object Tracking Sound Pro е задолжена за идентификување на предметите на екранот, така што звукот точно го следи дејството, што значи дека кога гледате акционен филм и авионот лета низ небото, на корисникот ќе му се чини како да го слушне над главата.

Овој модел ќе биде достапен ширум светот во првиот квартал од следната година. За повеќе информации посетете ја www.samsung.com.

Пр објава