Ново огласување околу разводот на Карлеуша и Тошиќ: Тоа не можеш да го купиш..

Добивај вести на Viber

Јелена Карлеуша неодамна призна дека по инцидентот во семејната вила на Дедиње моментално е во фаза на спогодбен развод од сопругот Душко Тошиќ.

Пејачката неодамна се огласи на својот Фејсбук профил, каде сподели неколку фотографии од својата вила во елегантно издание - со црни широки панталони, бела јакна и интересна шапка.

Заедно со фотографиите таа сподели и интересен опис:


- Во животот не можеш да купиш три работи, а тоа се љубов, среќа и стил - напиша ЈК, а меѓу многуте коментари под фотографиите имаше и такви кои сметаат дека делот за љубовта се однесува на моменталната ситуација со Душко.

- Карли е апсолутно во право! ЈК има стил, се‘ што и треба е љубов од сопругот! Првото секако се однесува на Душко! - се само дел од коментарите.


Фото: Фејсбук и Инстаграм/ Јелена Карлеуша