НОВОГОДИШЕН БАЗАР НА РАКОТВОРБИ ВО ХОТЕЛ КОНТИНЕНТАЛ
Богатство од креации и идеи за уникатни новогодишни подароци изработени со љубов, од рацете на близу 100 ракотворци
Утре, на 8-ми декември, со почеток од 12 часот, Хотел Континенал ќе биде домаќин на најголемиот Новогодишен базар на ракотворби во Скопје.
Веќе втора година по ред, Хотел Континентал е собирното местото на близу 100 вешти и креативни ракотворци кои ќе имаат можност да ги понудат своите уникатни рачни изработки и ќе им овозможат на посетителите бајковито предновогодишно искуство.
Новогодишниот базар е во организација на Creative Macednia заедно со Cestitka, кои вложија напори и оваа година на посетителите да им понудат разновидна програма за сите генерации. Проекција на цртани, филмови, музички бендови, магионичарско шоу, подароци, честитки и насмевки...
Програма:
12:00- Магично шоу
13:00- Arthur Christmas'
15:00- Школа за гитара Бојковски
17:00- Детска претстава- Дедо Мраз кај Црвенкапа
18:00- Школски бенд на СУГС Раде Јовчевски- Корчагин
19:00- Рецитал на англиски и француски јазик
Посетете го Хотел Континентал, поддржете ги ракотворците и дозволете си целосно уживање во празничната магија на најголемиот, најбогатиот и највеселиот Новогодишен Базар на ракотворби во Скопје.
Влезот е слободен.