Новогодишен Промо депозит од Халкбанк со камати до 3,3 отсто

Добивај вести на Viber

Во пресрет на предновогодишната еуфорија кога сите се подготвуваме за дочекот на Новата година, покрај трошоците што ги правиме за славење и набавка на подароци за најблиските, потребно е да размислуваме и за целите кои што планираме да ги исполниме и плановите што сакаме да ги реализираме во текот на 2023та година.

Тогаш, зошто да не почнеме од креирање на финансиски план и правење планови за штедење и остварување на дополнителен приход?

Халкбанк АД Скопје согласно своето мото – Важни се луѓето,  токму во последните денови од годината, кога се носат резолуции за следната, го креираше  Новогодишниот ПРОМО депозит што нуди штедење во денари или евра со каматни стапки до 3,3 отсто за штедење во денари и 2,20 отсто за штедење во евра на рок од 36 месеци.

Каматната стапка на Новогодишниот ПРОМО депозит, за штедни влогови во денари, орочени на 13 месеци изнесува 2,5 отсто, односно 1,30 отсто за штедење во евра. За орочување на период од 25 месеци каматната стапка е 3 отсто за денарско штедење, односно 1,8 отсто за штедење во евра. Каматите се фиксни за периодот на орочување, а минималниот износ на вложување е 30.000 денари, односно 500 евра. Исплатата на каматата, зависно од договорот, може да биде месечна или на крај на периодот на доспевање.

Кај овој производ не е предвидена можноста за делумно повлекување на средства ниту можност за дополнителни уплати пред истекот на периодот на орочување.

Создадете нови навики и искористете ја понудата за Новогодишниот Промо депозит која важи до 20.01.2023 година.

ПР објава