Новогодишен викенд хороскоп: Неколку знаци ги очекува одлична забава и многу успеси
Овен
Лесно ќе наоѓате инспирација и ќе бидете многу креативни. Осврнете се на светот околу себе и барајте надворешна убавина. Уживајте во убавите слики и пријатните моменти. Очекувајте голема поткрепа, можеби дури и финансиска, но подршка сигурно и тоа од една жена. Сите врски ќе ви бидат важни, а ќе имаат влијание и на крајните одлуки. Потрудете се да уживате во секојдневието и во ситуациите во кои што ќе се наоѓате, без разлика дали сте во врска или сте слободни.
Бик
Лесно е да се падне во замката на себичноста и да не ги третирате другите онака како што заслужуваат, туку само да ја гледате својата корист. Обидете се да се однесувате кон другите онака како што вие би сакале тие да се однесуваат со вас. Следните неколку месеци ќе дојде до одбивање на некои начини на однесување или занемарување на некои аспекти од животот .Постои шанса една голема идеја да ве окупира и да ви одзема многу енергија. Малку повеќе жртвување и став со повеќе разбирање кон другите ќе ви донесе најголема корист. Внимавајте да не станете опсесивни, па водете се и со разумот, а не само со чувствата.
Близнаци
Целите повеќе од вообичаено и тоа со добра причина. Неодамна нешто се случило што ќе има влијание на целиот викенд. Прагматичната страна на вашата личност ќе биде активна оваа зима. Знаете што сакате и најверојатно знаете како тоа да го добиете. Оваа зима ќе има особено позитивни ефекти во вашата кариера. Барате работа или сакате да напредувате? Сега е моментот. Луѓето околу вас ќе ве подржат, а вие ќе знаете тоа да го препознаете, а по потреба и да го искористите.Можна е нова љубов, а долгите врски ќе напредуваат.
Рак
Слободно охрабрете се и целете високо. Овој викенд е како создаден за остварување на соништата. Секогаш има место за подобрување. Размислете на што треба да поработите и што уште можете да научите. Бидете малку посебични. Делувајте водени од своите желби, но никако на штета на другите. Не треба да ги слушате другите за сè, но мора да ги почитувате. Немојте да се плашите од самотијата. Сепак, бидејќи ќе ве привлекуваат сеќавања од минатото, внимавајте да не паднете во депресија или негативна носталгија.Ќе имате можност да запознаете една мудра личност. Таа ќе ви даде еден добар совет. Или повеќе добри совети, па размислете за тоа.
Лав
Викендов ќе ви биде забавен, а со бистар ум сите проблеми лесно ќе ги решавате. Со скоро секоја ситуација ќе знаете да се справувате. Немојте да се оптоварувате со ситници. Слободно игнорирајте ги малите работи, насочете се на големата слика. За да ви биде добро, не мора секој детал да биде совршен. Личностите и местата на кои што ќе одите може да бидат инспирација за вашата креативност, па зимскиот период е одличен за уметниците. Бидете самоуверени и ќе можете да ги остварите своите сни.
Девица
Вие имате среќа (но и несреќа) секогаш да ги видите добрите и лошите страни на секоја ситуација.Сеедно, овој викенд ќе ви изгледа поведар од вообичаено. Во потрага сте по вистината. Зимскиот период ќе ви донесе големи филозофски и спиритуални мисли.Ослободете се од старите и непотребни работи и бидете личност каква што сакате да бидете. Истото се однесува и на луѓето што ве оптоваруваат. Немојте да се дружите со личности кои што ве депримираат или ви ја намалуваат самодовербата. Бидете им потпора на пријателите.
Вага
Немојте да се менувате поради другите. Обновете ги сопствените желби и работете на себе си. Веќе ги пуштивте корените и сè е подготвено за раст. Ново чувство на обврски навлегува во вашите односи. Тие чувства ќе се развиваат сè повеќе, а на крајот на викендот веројатно вашата врска ќе премине на едно повисоко ниво. Давате сè од себе за во текот на зимата да го исчистите и телото и духот. Ценете ги материјалните работи кои ги имате, но не дозволувајте да ви станат поважни од љубовта. Оние кои се слободни, ќе запознаваат многу нови луѓе, што ќе пружи и можности за нова врска. Немојте да бидете строги кон себе
Шкорпија
Учете од своите грешки и обидете се одново се додека не успеете. Не може сите одлуки кои што ги донесувате да бидат совршени. Викендов ќе биде исполнет со нови идеи, а ќе имате чувство како да се подготвувате за нешто големо.Бидете штедливи. Не дека треба да се откажете од сè, но имајте на ум дека треба да штедите за поголеми цели и подобра иднина. Ако сте во подолга врска ќе наидете на некои пречки, но важно е да им верувате на своите инстинкти.Исто така, верувајте му на чувството кога е во прашање нова љубов, без разлика што разумот може да ви сугерира поинаку, бидејќи никогаш не знаете како може ситуацијата да се сврти во ваша корист.
Стрелец
Обидите да ги сортирате работите кои нема да вродат плод. Тоа не е ништо лошо бидејќи и така не може се да биде во совршен ред. Гледајте широко и потрудете се вкупниот впечаток да биде добар, а не секоја ситница на свое место. Сепак, фатете се за работа, бидејќи ако не се потрудите ќе бидете во голема збрка на почетокот од годинава. Овој викенд нема да бидете многу сентиментални, па повеќе ќе ве интересираат практични работи. Ќе бидете насочени кон самите себе, па ќе се грижите за својот изглед повеќе од вообичаено. Пријателите ќе ви пружат вистинска поддршка, а вие обидете се повеќе да уживате во друштвото, затоа што ќе бидете омилени.
Јарец
Животот има многу патишта, па немојте себеси да си велите дека само еден е вистинскиот. Бирајте ги оние патеки кои што ви одат од корист. Овој викенд ќе се запознавате себеси и ќе откриете нешто што до сега не сте знаеле за себе. Искуствата низ кои што сте поминале изминативе неколку месеци го зголемија доживувањето за постоење луѓе околу вас. Најпосле излегувате од капсулата и повторно станувате друштвени. Веројатно ќе поминете низ судири со една личност која што има поинакви уверувања, но запрашајте се дали таквите судири имаат смисол. Зимата за вас е одлична за кариерата, но ни љубовта нема да заостанува.
Водолија
Истовремено сте многу друштвени и многу продуховени. Ќе се чувствувате возбудено, а своите мисли ќе посакате да ги делите и со други. Поддршка од родителите и пријателите нема да ви недостасува, само е важно да ги препознаете вистинските вредности, па уживајте во она што го имате, наместо да се оптеретувате со ситниците што недостасуваат. Дури и ако не сте романтична душа, овој почетен период од годината ќе ви донесе прекрасни моменти. Деловните идеи ги забележувате за да не ги заборавите бидејќи постои шанса некои од нив да се покажат вредни.
Риби
Ако повеќе ве воодушевуваат активностите со кои што се занимавате, едноставно завршете со оваа сезона и ослободете си го новиот новогодишен период. Време е за самоиспрашување. Осврнете се малку наназад и размислете што можете да искористите, а што повеќе не ви служи. Сведете ги активностите и работите на оние кои што ви носат најмногу корист и во кои што уживате, а останатото исфрлете го за непотребно да не ви одзема време. Размислете за добротворна работа. Подобро ќе се чувствувате ако им помагате на другите. За љубовта нема многу да размислувате, но само затоа што сега е сè во ред.
фото: freepik.com