Новогодишна донација на БИОТЕК Solutions и БИОТЕК лабораториите за училиштето за деца со пречки во развој „Д-р. Златан Сремец” Скопје
Училиштето за деца со пречки во развој “Д-р. Златан Сремец” Скопје доби лап топ компјутери и крвни анализи за сите деца како новогодишна донација од БИОТЕК Solutions и БИОТЕК лабораториите. Оваа година БИОТЕК Solutions и БИОТЕК лабораторија одлучија средствата за маркетинг промотивни материјали да ги искористат таму каде што е најпотребна помош, на децата со посебни потреби од ПОУ „Д-р. Златан Сремец”.
Целта на компанијата беше да им помогне на децата, како и на наставниците – дефектолози при извршување на секојдневните едукативни процеси, како и олеснување на нивната секојдневна работа и запознавање со здравствената состојба.
Кога училиштата имаат лап-топ компјутери, на учениците им се овозможува целосно да ги искористат предностите на интернетот и современата технологијата, што претставува особена поддршка во работата со деца со попречености, еден голем прозорец кон светот .
Крвната анализа ја прикажува основната здравствена состојба и може да детектира различни проблеми во секоја возраст. Јас лично, мојата фамилија и вработените во Биотек, сме многу среќни што оваа година направивме нешто многу корисно за една мала но важна заедница. Нашата помош е упатена до 113 семејства чии членови се едуцираат во вашата хуманитарна заедница- изјави Анкица Синадинова Базерко, генерален менаџер на Биотек Лабораторија.
Во училиштето има 113 деца. Радоста за поклоните е голема, но уште поголема радост е добиеното внимание.
Директорката на ПОУ „Д-р. Златан Сремец” се заблагодари на БИОТЕК Solutions и БИОТЕК лабораториите што ги отвори вратите и покрена иницијатива за препознавање на потребата за донации на оние на кои им е најпотребна „Дека најмалиот чин на љубезност, вреди повеќе од најголемата намера овој пат го докажаа Биотек лабораторија.
Посебно ни е драго што Биотек лабораторија го одбраа ПОУ“Д-р Златан Сремец“ за место каде што прв пат ќе ја покажат својата општествена одговорност кон лицата со попреченост.
Донацијата која се реализира во две насоки-обезбедување на бесплатни лабораториски услуги за сите ученици на ПОУ“д-р Златан Сремец“ и опремување на дел од училниците со преносливи компјутери, претставува директна поддршка на учениците со попреченост, нивните семејства и вработените.
Бесплатните лабораториски услуги ќе може да ги искористи секој ученик од нашето училиште со цел зеднички да обезбедиме дополнителна можност на семејствата и квалитетна здравствена грижа за нашите ученици.
Преносливите компјутери ќе најдат соодветна примена и во голема мерка ќе го олеснат реализирањето на секојдневните активности на учениците и на тој начин ќе овозможат услови за унапредување на квалитетот на воспитно- образовниот процес”