НОВОГОДИШНА ЕЛКА НА ЖЕЛБИ ВО РАМСТОР МОЛ
Традиционално, по 15-ти пат Рамстор Мол во соработка со Црвен Крст на град Скопје по повод новогодишните празници организира хуманитарна акција за децата сместени во згрижувачки семејства.
“Новогодишната елка на желби” е настан кој има за цел да донесе насмевки и радост кај дечињата и да им ги направи новогодишните празници уште поубави и посреќни.
Дечињата ги напишаа своите новогодишни желби на листови кои се во форма на лампиони, со што елката во Рамстор Мол ќе ја направат навистина посебна и магична.
Сите посетители на Рамстор Мол ќе можат да изберат еден или повеќе лампиони од елката со што ќе учествуваат во исполнувањето на скромните детски желби и ќе го купат посакуваниот подарок, а со тоа ќе подарат насмевка на детските лица.
Секое дете има право на радост, овозможете им го тоа на сите деца бидејќи за детската радост не треба многу.
Акцијата ќе трае до 27.12.2023 година, а на 28 декември на дечињата ќе им бидат доставени посакуваните подароци.
ПР објава