Нозете на оваа манекенка се осигурани на два милиони долари, но едната вреди повеќе: Разликата била во квалитетот (ФОТО)

Познатата манекенка и ТВ водителка со германски корени Хајди Клум не само што изгледа „како милион долари“, туку само нејзините нозе вредат повеќе од два милиони, пишува Vanity Fair.

Зборувајќи неодамна во емисијата со водителката Елен Деџенерис, таа откри дека нејзините нозе се осигурани на дури два милиони долари, но дека не вредат подеднакво. Таа објасни дека уште од детството има голема лузна на коленото од исекотина што ја заработила кога се пресекла на стакло.

View this post on Instagram

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)



Таа додаде дека поради тоа нејзината лева нога не вреди колку десната, а разликата во вредноста на нејзините нозе објаснила дека ја дознала по проценката на лондонски „Лојд“. Клум изјавила и дека целата ситуација во врска со осигурувањето е невообичаена за неа и дека се осигурала по барање на еден од нејзините клиенти, со кој соработувала како дел од промоцијата на неговиот производ.

View this post on Instagram

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)



Иако Клум не ја опиша точната цена на секоја нога, во 2017 година таа изјави за People дека едната нога е осигурана на 1 милион долари, а другата на 1,2 милиони долари.

View this post on Instagram

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)



Во посета на шоуто на Елен Деџенерис, таа изјави дека сепак планира да се истакнува со долгите нозе.

„Отсекогаш уживав и уживам да носам супер кратки мини здолништа во кои можам да ги покажам нозете, особено кога излегувам на црвениот тепих. Мислам дека се секси“, се пофали манекенката.


ФОТО: Инстаграм