Нутри 100% интегралнити бисквити со три нови вкуса
Жито Лукс на пазарот пласираше три нови вида бисквити од познатата линија Нутри. Станува збор за 100% интегрални биквити од 3 вида житарки со три неодоливи вкуса – со чоколадо, со суво грозје и цимет и со чија, просо и црно семе.
„Насекаде во светот потрошувачите трагаат по нови вкусови на здрави оброци што ќе им понудат нови доживувања, а во исто време ќе ја задоволат нивната дневна потреба за внес на витамини, минерали, и диететски влакна. Токму овие бенефити ги овозможува составот на Нутри 100% интегралните бисквити со 3 житарки. Нивната главна одлика е совршениот и избалансиран спој од високонутритивни вредности, истовремено имајќи одличен вкус. Со воведувањато на трите нови вкуса, сметаме дека ќе успееме да ги задоволиме и најспецифичните барања на потрошувачите, а во исто време и да им понудиме одличен избор за здрав, вкусен и лесен оброк што ќе претставува основа за нивното здравје, виталност и енергија во текот на денот“ – изјавија од Жито Лукс.
Жито Лукс е компанија – лидер во производството на леб и брашно во земјава. Со традиција постара од седум децении, континуирано ги прати светските трендови и иновации од областа на здравата храна. Овие три нови производи значат ширење на портфолиото на производи и поголем избор за оние кои водат балансирана исхрана.