Oткако татковината нѐ избрка

Добивај вести на Viber

Градот мириса на нас.
Го менува ликот со фреквенција
на моето менување коса
за да нѐ фати за џемпер
како поранешен другар
и со дециден удар под слабините
и честа пцост да нѐ избрка инкогнито.
Зградите ме демнат,
особено онаа нашата,
сенката си ја протега до соседното село,
к’о да се проѕева,
очајнички и нестрпливо
создава тропот по прозорците,
божемни немирни показалци
врз лошо наместено стакло.
Универзумот носи жиг од линчот
што ѝ го приредивме на љубовта,
исцртаните траги на сите наши преселби
личат на чкртаници без аналогија,
се сторивме загубени случаи во константи
и променливи откако татковината нѐ избрка,
за да не се пронајдеме никогаш.
За Женски магазин, поетесата Тања Кармзова Костиглиола