ОБЛАЦИ ОД ЉУБОВ

Добивај вести на Viber

  Излеговме од базенот, но уште тлееше во мене љубовното задоволство. Се чувствував како да сум горе над високите бели облаци и како лебдам над тие срцеви облаци што висеа над нас како љубовни срца. Се заљубив во тие љубовни облаци што шетаа низ небото понесени од тивкото ветре и ја пренесуваа љубовта низ универзумот. Ах, кој не ја сака љубовта! А јас бев маѓепсана од љубов, страст и копнеж.

  Легнавме на лежалките да се сончаме. Марко почна да ми шепоти пријатни зборови од кои ми се топеше срцето: „Единствена моја, те сакам. Ти си ми сè на светот. Утре ќе одиш дома кај твоите и се надевам дека нема да ме заборавиш“.

  Не му одговорив ништо. Не сакав да го уништам овој прекрасен миг на искажување љубов. Секогаш, макар и стопати кажани зборови, ги слушав со многу внимание и радост бидејќи ми се допаѓаа овие негови искрени зборови. За мене, беа најпрекрасната арија на светот. Го бакнував, му ги галев ушите, косата, лицето.

  Погледите ни се судрија. Си требавме еден на друг, преку очите си ги пренесувавме мислите. Тоа не е само љубов, туку совршен спој. За многу кусо време, бевме две тела споени во една душа. Немаше спротивни мислења, секогаш се согласувавме во сè. Дремев на сонцето и се сончав додека Марко ме мачкаше со крем. Во таа убава, попладневна тишина нè прекина телефонот.

  Весна се јави и ми кажа дека веќе биле со мама дојдени дома. Морав да ја прашам иако и не очекував одговор: „Сестро, подобро ти е?“ Знаев дека нема да ми одговори. Познавајќи ја Весна, бев сигурна дека со последниве настани нејзиното его стана појако и дека таа има сега само една цел, да најде сила во себе брзо да закрепне. Затоа ѝ кажав: „Утре и јас ќе дојдам, штом ѝ ги дадам клучевите на куќната помошничка, тргнувам“.

  Додека јас разговарав со Весна, на Марко му заѕвони телефонот. Се јави другарка му Бојана, со која заедно студираа. Разговараа и Марко ме праша: „Бојана сака вечер да се видиме за да се договориме јас, таа и Павле да учиме заедно. Овие испити се обемни и затоа сакаме да учиме заедно. Наместо да се видиме во кафуле, јас и предложив вечер да се собереме сите заедно овде. Може, нели?“ Климнав со главата во знак на одобрување.

  Се израдував. Сакав сè она што е поврзано со Марко: пријатели, роднини, да ги запознам и да се дружам. Сакав да имам спомени. Заедничките моменти поминати заедно со Марко за мене беа нешто магично, непроценливо. И самата не можев да претпоставам зошто, но во тој момент така се чувствував. Марко повторно ми вети дека ќе внимаваме на просториите и на мебелот бидејќи и јас сум гостинка во куќава.

  Потоа, дојде на мојата лежалка. Ме бакнуваше нежно, ми ги лижеше градите, прво едната, па другата, а со рацете ми ги гмечеше тврдите брадавици. Ме заврти одзади. Ми ги галеше и ми ги бакнуваше колковите. „Мила, имаш најдобро обликуван газ“, ми рече. Ми го галеше полека со рацете и потоа се наведна на колена и со прстите почна да ми ги шири колковите, а со јазикот влезе длабоко во мене. Се стресов и му се препуштив на уживањето. Почнав да се пикам во него уште повеќе. Вртев со газот, се внесував уште повеќе во него, а со неговиот јазик ме лижеше така примамливо, што почнав да се тресам од задоволство. Се грчев сè посилно и сакав ова задоволство да трае засекогаш. Конечно се смирив.

  Станавме од лежалките. Се договоривме за вечерното дружење со друштвото да купиме некој пијалак, апетисани и да нарачаме пици. Марко отиде да пазари, јас расчистив, ја наместив масата и запалив свеќи.

  Вечерта дојдоа. Се поздравивме срдечно и на сите им беше искрено мило што се гледаме. Всушност, искреноста е секогаш факт на што треба да му се обрне внимание. Ако постои тој збор во дружењето, тогаш тоа опстојува. Пиевме кафе додека тие се договараа веќе од утре заедно да ги учат останатите два предмети од сесијата. Секогаш кога ќе се сретнат студенти, разговараат за ситуацијата на факултет, кој професор како предава, какви прашања дава на испит и сл.

  Се почувствував во еден момент еднаква со нив и им се пофалив дека освен што ќе одам на курс за фризерка, планирам да се запишам и на факултет. Им стана многу мило, особено на Марко, кој навистина беше радосен и се гордееше. Стана и ме бакна. И другите му се придружија и ми честитаа на храброста.

  Продолживме со шегување. Пуштивме дискомузика и игравме. Ноќта помина весело, со играње, смеа, шеги и кога заминаа нè потсетија дека пак ќе се организираме некаде да одиме на прошетка. Но, тоа ќе биде по сесијата. Јас и онака не знаев колку ќе останам дома, но во едно бев сигурна, а тоа е дека Марко има обврска да учи овие недели.

  Утредента станавме, дојде куќната помошничка, ѝ ги оставив клучевите и заминав дома в село. Марко ме испрати на автобуска станица. Жалев што го оставам сам, но кога се качив в автобус, направив споредба колку ми се промени животот од кога заминав од дома. Кога заминав, од дома бев многу разочарана, несигурна и без никаков план за иднината. Сега одам дома заљубена, среќна и имав трасиран пат за иднината.

  Црвот ме јадеше за Весна. Иако ми е сестра, таа е посветена на градење на мојата иднина. Бракот ѝ се распадна, повредена е и морално и физички. Морам дома да ѝ помогнам за да се рехабилитира побрзо.

  Кога стигнав дома в село, Весна спиеше, а мајка ми правеше ручек. Татко ми седеше, зјапаше во телевизорот загрижено и кога ме виде гневно почна да ми вика: „Милка, никој од вас не ми кажа низ што поминува Весна! Не знаев што се случува! Никој не ми кажал! Ќе одам и ќе го убијам тој пијаница Кире! Моето дете да страда заради еден неранимајко!“

  Ми се насолзија очите, но на татко ми му објаснив дека Весна му поднесе кривична пријава и дека по брза постапка бракот ќе биде разведен.

АНОНИМНА

Доколку го пропуштивте, прочитајте го и претходното продолжение Заврши бракот на Весна