Облечете ги овие сандали ако сакате сите да гледаат во вас-апсолутен хит сезонава (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Кога поп-ѕвездата Дуа Липа минатата година ја отвори ревијата на модната куќа Верасче во сандали на платформа, малкумина можеа да помислат дека овие чевли во духот на лудите 70-ти ќе станат повторно барани за време на глобалната пандемија.

Освен италијанската куќа Верасче, од која произлегоа најпосакуваните платформи на модната сцена, со нивниот дизајн се позабавуваа и бројни други дизајнерски брендови како Гучи, Валентино, Сен Лоран и Ланвин.

foto: pintrest 

Иако се разликуваат по дизајнот, заедничка им е вртоглаво високата, но стабилна платформа на потпетици која веднаш ја издолжува силуетата.

foto> profimedia

Дека тоа не е тренд на кој ќе заборавиме со последните денови од летото говорат и претстојните колекции на водечки имиња во светот на модата, во кои повторно доминираат чевли со додаток на штикли на платформа.


Foto: Profimedia